Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до граѓаните: Ви благодарам на довербата, новата година нека ви донесе здравје, радост, среќа, многу остварувања и достигнувања

0
By Sashko on December 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 31, 2021 14:32
На нешто помалку од 10 часа до влез во новата 2022 година, се огласи премиерот Зоран Заев кој преку својот Фејсбук профил испрати честитка до граѓаните во која најпрво изразува благодарност за дадената доверба, а потоа им посака многу здравје, среќа и радост, како и многу остварувања и достигнувања.
Почитувани мои сограѓани, на крајот од 2021 година и пред почетокот на идната, сакам да уште еднаш да ви испратам најубави желби и да се заблагодарам за довербата што ми беше дадена. Јас верувам дека лидерството треба да произлегува од довербата, а не од силата. Останувам непоколебливо уверен дека заедно со Вас, со огромно мнозинство на народот во 2017 година зад нас ги оставивме најцрните страници од нашата независност до денес и дека ги отворивме бескрајните можности за нашата земја и за сите нас. Непоколебливо сум уверен и во тоа дека, заедно со Вас, и јас сум припадник на една генерација којашто не е само дел од историјата, туку дека сме автори на некои од нашите најважни историски страници од македонската сегашност и македонската иднина, се вели во обраќањето на Заев преку социјалните мрежи. 
Се изборивме, вели тој, да нѐ прифатат како држава со јасен национален идентитет, затоа што македонската граѓанска идеја е во секој пулс на срцето на секој Македонец и секоја Македонка и на секој еден граѓанин на нашата заедничка Северна Македонија.
Со поглед свртен кон иднината постигнавме членство на нашата суверена држава во НАТО како најсилен воено-безбедносен сојуз на демократските и прогресивни земји и со отворена покана за членство во Европската Унија. И денеска, како што не пропуштив во ниту една пригода претходно, упатувам благодарност и на сите наши сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и на сите други етнички заедници, што покажаа другарско и братско разбирање. Ќе стои во учебници поддршката што Македонците ја добиваат од своите сограѓани овој период. Таа поддршка, тоа разбирање за заштитениот македонски идентитет е од огромно значење за градењето на едно општество. Мостовите што ги градиме денес се крвоток на нашата меѓусебна доверба и на нашата заедничка иднина.
Во тој дух, нагласува Заев, „да гледаме на новата година како на ново поглавје од нашето заедништво. Пенкалото за испишување на новите успеси во тоа поглавје е во ваши раце. Никој друг повеќе нема да ја пишува нашата историја ниту да ја определува насоката за иднината. Само вие, граѓаните, можете да ги исполните новите поглавја. Ви посакувам новата 2022 година да ви донесе многу остварувања и достигнувања исполнети со здравје, радост и со среќа“, завршува досегашниот премиер на македонската Влада.  
Зоран Заев Македонија Нова година честитка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.