Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до Санчез: Се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО

0
By Нова ТВ on January 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го поздрави формирањето на владиниот кабинет во Шпанија и упати честитки до старо-новиот премиер Педро Санчез за успешно завршената потрага по мнозинство во Сенатот за уште еден мандат.

„Честитки Санчез Кастехон за добиеното мнозинство за формирање на Влада. Шпанија продолжува прогресивно што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа. Очекуваме навремена ратификација на нашиот протокол за НАТО и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во Алијансата“, напиша Заев во постот на Твитер.

Формирањето на Владата во Шпанија е од исклучително значење за земјата која беше во исчекување на ваква вест од Пиринеите во изминатите два месеца. Тоа е последната земја-членка на НАТО која треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, откако процедурата мина во сите останати 29 држави.

Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа.

Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО. 🇲🇰🇪🇸

— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 7, 2020

Поранешниот шпански премиер, во изминатите два месеца вршител на должноста и иден мандатар, Педро Санчез ја доби поддршката од пратениците во шпанскиот Сенат за состав на новиот владин кабинет. Со 167 гласа „за“, 165 „против“ и 18 „воздржани“ е ставен крај на, речиси, едногодишната криза во земјата што резултира со изборите во ноември.

Санчез успеа во намера да состави Влада по ветувањето за воздржаност на РКЕ, најголемата сепаратистичка партија во Каталонија, во замена за разговори во наредниот период за решавање на статусот на регионот. Дел од новата Влада на Шпанија, покрај Социјалистичка партија, ќе биде и партијата „Унидас Подемос“ на Пабло Иглезијас.

Влада Зоран Заев Педро Санчез Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.