Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Груевски е кукавица кој избега кога требаше да понесе одговорност

0
By Нова ТВ on November 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев ги отфрли сите како што рече „шепкулации за каков било политички договор со Груевски“.

Заев вели дека немало никакви пропусти во однесувањето на МВР и дека се надева дека Груевски ќе биде вратен во Македонија и ќе ја отслужи затворската казна.

„МВР постапи веднаш откако ја доби наредбата од Судот, претходно не смее да направи ништо. МВР  без наредба од Судот не може да му пристапи на ниту еден граѓанин. Ова не го кажувам дека не сме требале да бидеме повнимателни, туку поради тоа што со ова испраќаме порака дека не треба да правиме ништо, што е надвор од Закон. Строго е постапено според Закон, на едмократски и внимателен начин“ рече Заев.

Ние сме земја која сака да биде членка на ЕУ и НАТО и без разлика на чувствата, тоа не ни дава за право да ги кршиме законите, псобено не од институциите“ кажа Заев.

Заев очекува Унгарија дека како земја членка на ЕУ нема да штити криминалци кои направиле штети врз граѓаните на Република Македонија и ќе се побара екстрадиција за Груевски.

„Каква е мотивацијата за нас земјите кандидати за членство ЕУ, кога една земја членка на Унијата биде засолниште на криминалци и не го почитува меѓународното владеење на правото.

Сакам остро и категорично да ги отфрлам сите шпекулации за било каков политички договор со Груевски“ кажа Заев.

Заев очекува Груевски дека Груевски ќе се врати назад и ќе ја отслужи затворската казна.

Тој најави дека се истражува дали има пропусти кај граничната полиција.

„Каков кукавица е тој што постојано велеше дека ќе оди во затвор без разлика што ќе се случи дека е подготвен за Македонија да оди во затвор, дека тој е подготвен да оди само другите да не одат во затвор. А кога дојде време да ја понесе одговорноста избега како кукавица. Тоа само потврдува дека е виновен за тоа што е осуден“ рече Заев.

 

Јас го разбирам гневот на новинарите и кај мене има гнев но ве уверувам дека ако имало нешто што сме можеле да го направиме, ќе сме го направиле. Но не сме можеле да направиме нешто за човек кој бил сеуште слободен човек“ кажа Заев.

Груевски Заев кукавица Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.