Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Борисов заедно го чествуваа Илинден на годишнината од Договорот

0
By Нова ТВ on August 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 2, 2018 20:45

Премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, попладнево заедно чествуваа 115 години од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Благоевград.

Заев во говорот искажа благодарност за поканата од Бугарија да биде дел од одбележувањето и дека денеска се одбележува и првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство, кој тогаш беше означен како почетна точка на заедничката иднина.

–  Нема поголема симболика од тоа. Владите на Бугарија и Македонија покажаа висока историска одговорност. Договорот отвори перспективи од големо значење за нашите заемни односи, од значење за интеграцијата на Република Македонија и од значење за стабилноста и просперитетот на целиот наш регион. Со него ние како политички раководства испративме силна порака кон регионот и светот. Поставивме стабилна основа, врз која почнавме да градиме европска и евтоатлантска иднина на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион, истакна Заев во обраќањето на свечената церемонија на Плоштадот „Македонија“ пред споменикот на великанот од илинденскиот период „Гоце Делчев“ во Благоевград.

Тој во своето обраќање ги потенцираше вредносните пораки за евро-интеграција од значење за граѓаните на двете земји:

-Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион. Само тоа води до квалитетен живот.

Денес кога се поклонуваме пред загинатите за слободна иднина, со чист образ можеме да изговориме, дека и нашите генерации, минаа низ предизвиците и се бореа за право, за слобода и за човечки живот!

Република Македонија и Република Бугарија се здружија, си ги подадоа раце за да ги развиваме нашите односи, рече Заев. 

Неговиот домаќин Борисов во говорот рече дека генерации нивни политичари имале желба и упорност, но не успеале.

– Минатата година успеавме да потпишеме Договор за добрососедство. Не верувавме и ние дека ќе успееме, но покажавме храброст и успеавме. Заедно со колегата Заев и неговиот кабинет отидовме во Скопје на гробот на нашиот светец и херој Гоце Делчев. Сега Зоран Заев и неговите колеги се тука, за да се поклониме и положиме венци пред споменикот на Гоце Делчев,  истакна Борисов, потсетувајќи дека со македонскиот премиер на 24 мај во Рим заедно го чествувале и Денот на браќата Кирил и Методиј.

Во својот говор бугарскиот премиер го поздрави и Договорот меѓу Македонија и Грција и исчекорот што го направиле премиерот Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас за решавање на спорот за името за кој, рече, се надева дека ќе заврши. Борисов наведе и дека договорите ќе и донесат на Македонија сигурност и дека земјата веќе добила датум во 2019 да ги почне преговорите  со ЕУ и покана за НАТО.

На средбата пред почетокот на чествувањето, Борисов изјавил дека за само една година откако е потпишан Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во заемните односи мешу Македонија и Бугарија дека се очигледни позитивни ефекти во односите во трговската размена и турзимот.

Двајцата премиери на чествувањето во Благоевград положија венци пред споменикот на Гоце Делчев, каде се одржа и панихида во спомен на загинатите востаници од пред 115 години.

Борисов годипнина Договор Заев Илинден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.