Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Имаме земја што е призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи патриотизам од нас

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успеавме да оствариме вековни соништа на нашите претци. Имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. Триесет години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешната трибина во Кавадарци.

„Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел Парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои. И сега, тие се патриоти, а ние не? – Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? – Оние кои го негираат Блаже Конески се патриоти? – Ним во кодот им е да бидат криминалци, од историјата со шверцот со опиум до денес. Ние не сме патриоти што седиме до светските лидери и држиме говори еден по друг, не сме патриоти што го дигнавме нашето знаме пред седиштето на НАТО? – Ова е патриотизам и можат само да учат. Ние го остваруваме тоа што три децении само се зборува и се ветува и сега кога е исполнето, ние не сме патриоти“, нагласи Заев.

Ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да ги изберат, како што рече, вистинските патриоти, оние кои и мислат добро на државата и кои ја градат европската иднина на државата.

„На овие избори се гласа за првокот. Не за опашината. Првокот е тоа првото што излегува, најквалитетното. Опашината е тоа што ќе остане. Немојте за опашината“, нагласи тој.

Тој истакна дека нашата држава Република Северна Македонија е признаена од целиот свет, како што рече, друга Македонија нема во светот.

„Била Федеративна, била Народна, била Социјалистичка, но таа е наша земја впишана во архивите со лична карта во ООН. Таму пишува Македонци за сите граѓани плус за помалку бројните етнички заедници, граѓанин на Република Северна Македонија, заради тоа што не се сите Македонци по етничка припадност. Пишува македонски јазик, ниту фуснота, ниту ѕвездичка. Целосно загарантиран идентитет. Ова беа вековните аспирации на нашите предци, животи положиле, земјата со крв ја потопиле за ние денеска да ја имаме. И денеска ќе лажат и натаму дека сме изгубиле нешто. Кој? – Лажните патриоти? – Немојте да им верувате. Денеска добивме сé на светот за што сме се бореле. И тоа е појдовната основа да ги оствариме економските соништа. Да имаме европска земја тука, во Кавадарци, во Ваташа, во Струмица, во Муртино, во Гевгелија, насекаде во државата. Тоа се нашите визии, соништа и идеали, да оставиме нешто повеќе на нашите деца“, порача лидерот на СДСМ.

Заев потенцира дека во ВМРО-ДПМНЕ има само лажни патриоти, а вистински патриот е оној кој мисли на своите граѓани, вложува во повисок економски стандард.

„Вистински патриотизам е кога минималната плата и во време на решавање на сите спорови, во време на избори, е покачување од 150 евра на 14.500 денари, оној кој ја укинува радиодифузната такса и носи закон за отпис на долгови, кој ги покачи пензиите, а не оној кој шири лажни вести, кој троши пари на стиропор и бронза“, посочи Заев, повикувајќи ги граѓаните на 15 јули да гласаат на безбедни избори и да заокружат број три за напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Зборувајќи за остварувањето на стратешките цели на земјата, членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија, лидерот на СДСМ рече дека 30 години ниту еден политичар немал храброст да направи големи чекори кон остварувањето на овие цели.

„Комплетно е препознат нивниот генетски код. Доста беше. Денеска патриот е оној кој носи повеќе пари кај својот народ, кој го заштитил македонскиот идентитет, кој што ја направил земјата да биде рамо до рамо со најголемите земји. Тоа беа соништата наши кога го имавме нашето македонско знаме пред седиштето на НАТО. Кога ни играше душата од гордост македонска“, рече претседателот Заев.

Тој истакна  дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да шират лажни вести.

„Ете го Александар Николовски од Охрид, го донеле во изборна единица пет. Тој е една од „десните раце“ на Груевски. Ништо не може да понуди, докажан извор на лажни вести. Дојде овде и без срам кажа дека „Дрекселмаер“ ќе ја затвора фабриката и го демантираа и раководството на фабриката и градоначалникот. Потоа отиде во Прилеп и рече дека Тутунскиот комбинат работи најлошо досега, а првпат Комбинатот има добивка и зголемени плати на работниците“, истакна Заев.

Зоран Заев Избори 2020 кампања Коалиција „Можеме“ СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.