Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Македонија треба да биде во новиот пакет за проширување на ЕУ

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 6, 2017 14:37

Македонската Влада и ЕУ вложија огромни напори за повторно враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членство во ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на дебата во Брисел посветена на Македонија потенцирајќи дека резултати има, но и несомена политичка волја. Македонија, смета тој, треба да биде во новиот пакет за проширување, бидејќи тоа ќе ја стабилизира и ќе отвори перспективи.

– Сега е време да ги искористиме овие напори. Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година, рече Заев на трибината на тема „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, соопшти неговиот Кабинет.

Заев, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцирал дека владините политики имаат за цел да ја убедат Европската комисија, како наш партнер и водич за исполнување на македонската стратешка цел да стане членка на ЕУ, дека Република Македонија е најдобрата успешна приказна во 2017 година, и дека како таква, нашата земја може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа.

Главниот фокус на Планот 3-6-9 во наредниот период, информирал Заев, е на судството, контрола на следењето комуникации, реформите во јавната администрација и доброто управување, како и на други, исто толку важни области.

Од аспект на очекувањата од новата стратегија за проширување на ЕУ, македонскиот премиер истакна дека очекувањата на Македонија се дека процесот ќе биде колку што е можно поинклузивен, со отворање можност за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување, врз основа на сопствените заслуги.

– Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата предводници во тој процес. Ние сме во таков процес повеќе од 12 години. Добро ги познаваме инструментите на политиката за проширување. Можеме лесно да се израмниме. Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе не стабилизира подолгорочно и ќе отвори перспективи, истакна Заев.

Очекувањата од ЕУ, според него, се силно да биде потврдена посветеноста на проширување со земјите-кандидати за Западен Балкан, како што беше направено во Солун во 2003 година и да се постави предвидлива временска линија за пристапување, доколку се исполнети критериумите.

Од страна на Владата на Република Македонија, потенцираше тој, постои јасна и неспорна посветеност и енергија за испорака на аргументи.

– Вистинските испораки на резултати се нашиот билет, без кој не можеме да побараме да очекуваме одлука за започнување на преговорите за пристап. Вложуваме напори за повторно воспоставување на Република Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели, рече Заев.

Заменикот генералниот секретар и политички директор на Службата за надворешни политики на ЕК Кристоф Белјар, и европарламентарката и Заменик претседател на групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент Тања Фајон, на оваа трибина, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, ја истакнаа позитивната приказна на Република Македонија, како и нејзината улога во регионот, и нагласија дека очекуваат позитивен исчекор на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ на нашата земја.

Заев на дебата беше придружуван и од македонската делегација во чиј состав се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. На трибината организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, учествуваа голем број европски политичари од различни партии, дипломатски претставници во Брисел, претставници на академската јавност и на голем број тинк-тенк организации претставени во европската престолнина.

Брисел ЕУ Заев конференција Фридрих Еберт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.