Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На денешната седница на Влада, ќе се распределуваат ресорите

0
By Нова ТВ on June 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната прва седница на Владата ќе се распределуваат ресорите и портфолијата на министрите без ресори и ќе се поставуваат заменици претседатели на Владата, ќе се избира генерален секретар, шеф на кабинет и ќе се воспостават постојните и ад хок комисиите во Владата за да може да се постават стартните контури на Владата, најави премиерот Зоран Заев.

„На седницата ќе им ги дадам стартните насоки за сите министри согласно програмските определби на Владата. Во првите извештаи сите министри ќе реферираат во Владата, а верувам дека тоа ќе го направи и министерот Тевдовски. Сметам дека треба да ги почекаме нивните согледувања за состојбата на Буџетот. Мој прв впечаток е дека есенва мора да следува ребаланс на Буџетот заради новата владина програма и политики, но тоа зависи и од моменталната финансиска кондиција и ликвидност на Буџетот на Република Македонија, изјави Заев пред почетокот на конференцијата „Жени во енергетика“.

Една од темите на неформалниот дел на седницата на Владата, нагласи, ќе биде економскиот пакет на закони што се подготвуваше целиот период додека граѓаните очекуваа нова Влада.

­ Тоа е делот за реализација на ветувањата за укинувањето на радидифузна такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, социјалниот пакет за најранливите категории на граѓаните. Дел од овие мерки ќе имаат своја реализација со новиот буџет, а дел ќе почнат веднаш да се реализираа“, рече Заев.

Тој посочи дека се уште не е одлучено кој ќе биде портпарол на Владата.

„Се разгледува можноста и новинари да бидат ангажирани во Владата, но само како професионалци без какви било политички предрасуди. Сакаме да се поставиме отчетно и транспарентно и да бидеме целосно комуникациски поврзани со медиумите“, рече Заев.

Тој рече и дека  уште денеска би сакал да се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да може да продолжи договарањето за замениците министри, директорите на јавните претпријатија и агенции и распределбата на експерти во владините органи.

Влада Зоран Заев одлуки ресори седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.