Премиерот денес изјави дека на Дрисла нема радио-активен отпад. Одговарајќи на новинарски прашања денес во Собранието Заев рече дека се прават анализи но дека не станува збор за радиоактивност. На прашањето дали има радио-активен отпад на Дрисла тој рече:

“Верувајте ми, не. Ако има такви работи, веднаш ќе интервенираме. Јас знам дека градоначалникот на Скопје ги прави, заедно со правните тимови, сите анализи на договорот, правно – формалниот дел на договорот, кој што е должен да ме информира, заради тоа што се работи за странска инвестиција во Република Македонија. Ние досега сме имале само информации, повеќе преку медиумите, заради тоа што немавме увид во архивите на Градот Скопје. После таа анализа, ние ќе го соопштиме на граѓаните правно – формалниот дел. Апсолутно не станува збор за никаква радиоактивност или недозволиви, штетни работи, кои што се однесуваат на штета на граѓаните. Апсолутно не.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за ТВ 24вести рече дека се испитува работењето на депонијата, бидејќи има индиции дека се правени криминални дејствија и дека е согоруван радиоактивен отпад,