Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави оти не очекува интервенции во Преговарачката рамка за членство во ЕУ што е веќе на маса.
„Европската Комисија која е репрезент на сите земји членки на Европската Унија ја усвои преговарачка рампа и ја задолжи нашата земја да го преведе целото европско законодавство на македонски јазик. За мене тоа е голема работа која што уште еднаш значи признавање на нашиот идентитет, нашиот македонски јазик“, рече Заев во изјава за медиумите во Велес пришто истакна оти не очекува интервенции во нацрт текстот.
Лидерот на СДСМ рече дека нашиот јазик ќе се изучува во библиотеките на главните градови на европските држави.
„Тоа само по себе значи распламтување на македонскиот оган кој што ќе биде како и сите посебни нации и идентитети дополнително потврден и валоризиран рамноправно еднакво како што Европа знае да го направи“, потенцира Заев.