Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев носител на листа во четвртата ИЕ, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат

0
By Нова ТВ on February 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се убедени дека ќе бидат победнат на предвремените парламентарни избори на 12 април. Заев во синоќешниот дуелот на ТВ Канал 5 најави дека СДСМ на изборите ќе настапи како мултиетничка партија, а Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави како македонска политичка партија.

Заев, сепак, не исклучува можност за постизборна широка коалција, но откако ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби и Мицкоски ќе поднесе оставка, а партијата ќе се европеизира.

Најави дека тој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица (ИЕ) и го покани Мицкоски да се пресметаат на домашен терен. Нагласи дека за него одговорност пред народот е да биде носител на изборна листа, а не шпицен кандидат, што може да се протолкува и како бегање од одговорност.

Мицкоски, пак, истакна дека дал предлог за шпицен кандидати за мандатар на новата влада. Тоа, според него, е морална вертикала, но конечната одлука дали ќе биде шпицен кандитат или носител на листа ќе падне на Централниот Комитет на партијата наредната недела. 

„Ако обезбедиме фер и демократски избори, сите ќе бидеме победници. Со тоа победата ја носиме на државата и на целиот наш народ, а потоа народот ќе каже која ја добива честа да формира влада преку победа во мандатите кои сме ги добиле“, рече Заев и порача дека во иднина смета дека не треба да има техничка влада за организрање на изборите.

Како историски чекор ја оцени предизборната коалиција на СДСМ со БЕСА.

„Конечно имаме предизборна коалиција од сите етнички заедници. Досега немало предизборна коалиција, се правеле пост фестум, а со тоа се манипулирале граѓаните. За мене е многу важно што е направен историски исчекор, конечно имаме предизборна коалиција од сите етнички заедници, втора важна придобивка е што носи мандати, најмалку пет, ќе донесе седум-осум мандати повеќе и изградена е на темел на вредности, европските перспективи, инфраструктура, човечки капитал во кое заедно веруваме. Трето, оваа коалиција ги менува досегашните политики да имаме само етнички партии. Имаме намера да добиеме повеќе од 61 мандат“, рече Заев и додаде дека се отворени за ДУИ и за сите партии, кои, како што кажа, се подготвени да се менуваат и да учат од слабостите.

На прашањето дали ќе коалицира со ДУИ, Мицкоски рече дека неговата партија ќе коалицира со секоја партија која може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ и чија програма ќе може да биде прифатена од неговата партија. Му посака на Заев среќа во коалицирањето со БЕСА, но смета дека е лицемерно Заев да биде, како што посочи, критичар на ДУИ и да биде опозиција меѓу Албанците во државата. Со коалицијата со БЕСА, додаде, Заев грубо ги манипулира гласачите од албанскиот блок и се обидува да краде гласови од нив со обид да се глуми опозиција во рамките на албанскиот политички блок.

„Во оваа прилика сакам да кажам дека на наредните избори ќе има една македонска политичка партија, тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и ги повикувам Македонците и останатите етникуми да ја препознаат вредноста и да гласаат на следните избори за нас“, рече Мицкоски.

Заев му реплицираше дека со ова изјава, тој всушност ги потценил другите етнички заедници во земјата.

„Употребата на национализмот некогаш ќе ве доведе да не си ги измиете рацете“, му порача Заев на Мицкоски.

Зоран Заев избори Изборни листи Ноители ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.