Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Новата Влада во август во коалиција со партии со европски концепт

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на преговори за формирање на новата влада ќе почне по Илинден. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбеди најмногу пратеници и кристално е јасно кој го има мандатот да формира влада, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за a1on.mk.

„Имавме фер, демократски и кристално чисти избори кои го покажаа демократскиот капацитет на нашата земја, но и на СДСМ како политичка опција и владеачка партија. Еве и во трет изборен циклус граѓаните слободно и демократски гласаа, а СДСМ трет пат победува. Има ли поголем успех од тоа граѓаните да ти доверат победа во услови на слобода? – Има ли поголема победа од тоа да добиеш мнозинство во слобода, наспроти мнозинствата што Груевски ги добиваше под принуда“, вели Заев.

Според него, поддршката што граѓаните на овие избори ја дадоа за коалицијата „Можеме“ се јасен показател дека мнозинството од нив сакаат европска, безбедна, просперитетна и економски напредна држава, која храбро ќе чекори напред, ќе освојува нови пазари, ќе гради нови перспективи, ќе негува добрососедски односи и ќе создава нови пријателства.

„Изборната победа е уште една потврда и поддршка за политиките на СДСМ, на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија. Се покажа уште еднаш дека граѓаните ги поддржаа овие храбри одлуки, дека мнозинството стои зад нив, а тоа ме прави особено горд и среќен. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на мрачното минато, најавите за преиспитување на Договорите со Грција и со Бугарија, загрозувањето на нашето членство во НАТО, загрозувањето на нашиот евроинтеграциски пат добија јасен црвен картон. Тие застарени и националистички политики немаат иднина на нашата политичка сцена“, смета Заев.

Тој вели дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ имаат најголем коалициски потенцијал и ќе разговараат за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот и слободарскиот концепт на земјата, најавувајќи дека процесот на преговори за формирање на нов состав на владата ќе почнат веднаш по илинденските празници.

„Нам во овој момент ни се неопходни стабилно парламентарно мнозинство, стабилна влада, која успешно и ефикасно ќе ги менаџира со здравствената криза и економските предизвици со кои се соочуваме, но и евроинтеграцискиот концепт на кој чекавме 30 години. Затоа сметам дека разумот и рационалноста ќе преовладаат и дека во рамките на уставно предвидените рокови, СДСМ ќе обезбеди функционална влада“, додава Заев.

Осврнувајќи се на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се победници на изборите, Заев оценува дека оваа партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски покажале оти немаат никаква политичка култура, ниту капацитет достоинствено да примат пораз.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на овие избори доживеаја јасен и недвосмислен пораз на фер и демократски изборен натпревар. Исто како и за локалните и за претседателските избори, така и сега кукавички се сокри во белата палата. На овие избори дури немаше храброст вечерта да излезе на прес-конференција и да го каже ставот за изборниот ден. Мицкоски е аутсајдер, а ВМРО-ДПМНЕ на овие избори покажа дека има сериозен проблем и дека е заробена во груевизмот“, истакнува Заев во интервјуто, додавајќи дека илузијата на ВМРО-ДПМНЕ дека победиле на избори на кои имаат два пратеника помалку од победникот, е навистина загрижувачка за самата партија.

Во однос на ставот на ДУИ дека тие треба да го дадат следниот мандатар, Заев нагласува дека во парламентарна демократија е многу јасно кој го добива мандатот за формирање Влада.

„Тоа е првопласираната, а не третопласираната партија и затоа навистина не гледам потреба понатаму да ги коментирам ваквите изјави“, вели Заев.

Тој потенцира дека на земјава во наредниот период и претстојат серозни процеси, како справувањето со коронакризата и економските последици од неа, како и претстојниот старт на преговорите за членство со ЕУ.

„Верувам дека сите политички субјекти ќе ја сфатат сериозноста на моментот. Затоа нашата намера во овој процес е создавање влада за цел, полн мандат, Влада за четири години. Доста беа предвремени избори, секој од нас треба да се ангажира двојно повеќе државата да забрза двојно повеќе напред, а тоа е можно само ако имаме влада која работи, а не Влада која организира избори“, истакнува Заев.

Тој изразува уверување дека политичките субјекти ќе покажат одговорност пред граѓаните кои ги избрале и дека во Собранието ќе се обезбеди демократско мнозинство за да избере стабилна влада.

„Август ќе биде изразено активен политички месец кога Северна Македонија ќе го заокружи изборниот процес и ќе ги стави во функција новото Собрание и новата Влада“, потенцира Заев во интервјуто за a1on.mk.

Влада Зоран Заев Избори 2020 интервју коалиција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.