Зоран Заев со пост на Фејсбук возврати на пораката на Христијан Мицкоски дека „СДСМ и БЕСА подготвуваат федерализација на државата“. Таквото негово обраќање на синоќешната средба со граѓани во скопската населба Аеродром за лидерот на СДСМ е очаен обид за заплашување на граѓаните, но и доказ дека опозицијата ќе ги загуби изборите.
„Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Најновата манипулација на Мицкоски, дублерот на Груевски, го потврдува тоа. Повторниот очаен обид да ги заплашат граѓаните со федералзиација е доказ дека губат. Да излеземе на гласање и силно да ги поразиме на 15 јули“, напиша Заев на Фејсбук.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158837120657932