– Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и на локалната сапоуправа во Охрид, предводена од сегашниот и иден градоначалник Константин Георгиески и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Охрид, во рамките на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
Заев нагласи дека работата не е завршена, мора да продолжат да се спроведуваат препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство, а тоа ќе се постигне со максимална ангажираност и посветеност и заедно, бидејќи режимските криминалци пак би го урнисале постигнатото.
Тому затоа тој од охриѓани побара поддршка за уште еден градоначалнички мандат за успешниот градоначалник Константин Георгиески, кој покажа дека работи одговорно, чесно и домаќински и кога беше најпотребно на дело покажа грижа за природните, културните и духовните вредности на градот.
Нема споредба помеѓу понудата на СДСМ и коалицијата и оние мрачни ликови од другата страна кои кога ветуваат нова иднина мислат на старото минато за да се дограбат до власт и да продолжат со криминал и да не одговараат. Мицкоски се издава дека е маската на Груевски, па почна да прави и шали и вицеви по теркот на неговиот ментор, изјави Заев.
Тој додаде дека мислите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се хаотични и „се прашуваат што е нормално бидејќи се одлепени од реалноста“.Според Заев тие се опасност за граѓаните и државата и опасно е да им се довери да водат општини и држава.

-Додека не се реформираат, ниту смеат да дојдат на власт, ниту ние ќе го дозволиме тоа, рече Заев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите нуди само магла и конфузни најави за некакви проекти, кои се неизвесни.

-Тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции, односите со соседите, односите меѓу етничките заедници. Наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејќи иднината што ја најавуваат како нова е неизвесна и опасна. Видовме колку е опасна нивната иднина за државата, граѓаните, а и вие охриѓани особено видовте колку се опасни за Охрид, изјави Заев и додаде дека Охрид бил паднат под закана на долгата рака на режимските криминалци, кои една деценија ненаситно го грабале и распродавале на белосветски криминалци

На трибината се обрати и кандидатот за градоначалник Константин Георгиевски.
– Во следните четири години продолжуваме со уште посилно темпо, да работиме на исполнување на препораките за заштита на природното и културното наследство, најави Георгиевски, додавајќи дека во континуитет се креираат проекти за квалитетна инфраструктура, подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите.Нашата цел е Охрид да прерасне во современ урбанизиран простор, културна и туристичка престолнина, рече Георгиевски и нема повторно да падне во рацете на политичките ученици на Груевски и Мицкоски, кои сеат лаги и се плашат од носење на вистински одлуки, рече Георгиевски пред Охриѓани.

Претходно караванот „ Најдоброто за мојата општина  беше во неколку населени места во Мијачијата.

-Зборуваме за обновливи извори на енергија, имаме постигнато договори за преку 650 мегавати сончеви колектори и за 500 мегавати ветерници. Само РЕК Битола 3 блока се 600 мегавати, затоа што еден ден треба да ги затвориме не подоцна од 2030 година РЕК Битола 3-те блока и РЕК Осломеј. Затоа градиме обновливи извори на енергија, но градиме и во заштита на животната средина. Сите овие канализации и водни линии, прочистителни станици во иднина и новите депонии кои ќе се изградат по европски стандарди, се ова е во прилог на заштита на животната средина. Денеска можеме да се пофалиме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали коишто ја уништуваат цела оваа околина. Свесни од минатот, заради пари не заради нешто друго, направиле договори од коишто државата ќе плаќа и на крајот да ќе платиме но тоа се само пари но ќе го зачуваме здравјето на луѓето, ќе ја зачуваме оваа природа и оваа убавина која што ја имаме и ќе ја оставиме надоградена со повеќе зеленило и заштитена, порача Заев од Ростуше.

Покажавме на дело што значи да се работи со јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава. Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина.

– Затоа сум овде, да ја побарам Вашата поддршка за уште еден градоначалнички мандат за вашиот и наш, успешен градоначалник и пред сѐ добар човек Сашо Јанкоски. Сашо има и елан и енергија и знаење да работи и сработи, го покажа тоа и убеден сум дека Сашо, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа, Леон Парталкоски – успешен менаџер – ќе го донесат Најдоброто за Вевчани.

Нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност. На другата страна имаме магла – нејасни, конфузни најави за некакви проекти. Со оглед дека тие имаат намера да ги искомплицираат европските интеграции,  односите со соседите, односите меѓу етничките заедници во нашата држава – наводните проекти на ВМРО-ДПМНЕ се неизвесни, бидејки иднината што ни ја најавуваат како „нова“ е крајно неизвесна И ОПАСНА!

Пред вас се проевропски кадри за градоначалници и советници кои носат СИГУРНОСТ И НАПРЕДОК. Успеавме државата да ја поставиме на патот на Напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина, изјави Заев од Вевчани.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната граѓанска трибина „Најдоброто за мојата општина“ во Струга посочи за важноста на концептот на едно општество за сите, дека тоа е клучот за напредок и затоа е важно што избираме на изборите и какви одлуки носиме.

-Сето ова го зборувам од името на авангардните чекори кој што заедно сите ние, нашиот народ ги презедовме последните 4 години. Решивме историски прашања, ќе ве потсетам овде има и повозрасни од мене, но има и помлади. Се сеќаваат сите. 30 години славиме независност, 30 години на сите избори, НАТО – ЕУ, ЕУ – НАТО, единствено или слично. И успеавме, сите позади нас не успеа. Денеска најголемото богатство го имаме, сите дома сме обединети, во едно општество за сите. Каде што секој граѓанин е еднаков и со своите права и со своите обврски. И тоа треба да продолжиме да го негуваме”- рече Заев.

Од Струга, Заев испрати порака на единство и повика на обединување на сите етнични заедници кои живејат во Струга да го изберат Најдоброто, затоа што тоа што било добро и тоа што било подобро, може да биде само најдобро. Тоа што не чинело, може да биде само најлошо. На 17 октомври Заев повика да се избере патот кој води кон просперитет и подобар животен стандарт за сите, а тоа го носи бројот 12, Димче Шипинкаровски.

На денешната граѓанска трибина „Најдоброто за мојата општина“ кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струга  и коалицијата, Димче Шипинкаровски порача дека неговата желба е да ја види Општина Струга уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите што Струга ја прават особено автентична и привлечна и, секако, уште поотворена за туристите од цела Европа и целиот свет. Тој пред стружани ги презентираше и петте клучни проекти за Струга за кои вети дека ќе ги искотисти сите капацитети и ќе ги реши проблемите на стружани и стружанки бидејќи Струга го заслужува Најдоброто.

– Промена на дотраената водоводна и канализациска мрежа, како и изградба на нова во руралните населени места, реконструкција на градскиот пазар, како и изградба на Градска марина и уредување на речното корито на реката Црн Дрим со цел развој на туризмот преку целата година, изјави Шипинкаровски.

Овие четири години градиме инфраструктура, училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, тоа значи подобар живот за сите граѓани, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, вечерва во Шуто Оризари. Тој истака дека пример за успешно функционирање на концептот воведен од СДСМ Едно општество за сите е токму Шуто Оризари, бидејќи СДСМ не ги дели граѓаните по ниту една основа, туку обезбедува еднакви шанси за сите. Спасовски нагласи дека во изминатиот период во Шуто Оризари со поддршка на Владата е направено многу, реконстуирани се улици како Индира Ганди, улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други, во подобрување на водоводната и канализационата мрежа се инвестирани 13,5 милиони денари, изградена е градинка, поставено е зеленило.

– Во следните четири години продолжуваме уште повеќе и уште подобро, го носиме Најдоброто, во Шуто Оризари, изградба на атмосферска канализација, реконструкција на патишта, нови инвестиции. СДСМ и Коалицијата ги нуди најдобрите кандидати за советници и градоначалници.

За Шуто Оризари тоа се Ферат Асан и советничката листа предводена од Нежмие Саитова, затоа што тоа се луѓе што си ја сакаат општината и што ќе се грижат за своите сограѓани, за реализација на нови проекти, за подобрување на животот на сите граѓани во општината, нагласи Спасовски.

Тој наведе дека на другата страна стои ВМРО-ДПМНЕ со истите луѓе како во режимот, обвинети за криминал и корупција а се претставуваат како нови лица, но во Шуто Оризари се исплашија и немаат свој кандидат, бидејќи немаат што да понудат, рече Спасовски.

– Нашата програма не е програма правена од пред компјутер, туку е програма од анализирање и работа на терен и затоа ги имаме најдобрите решенија за нашето Шуто Оризари. Предвидено е за прв пат во историјата Јавно претпријатие за управување со отпад, паркинзи и погребални услуги. Ќе ставиме крај на шетањето од врати до врати за вашите потреби – нема веќе лутање и незнаење каде да се оди за пополнување документи за социјално или за трето дете или за решавање на проблем со извршители!! Воведуваме концепт на нова содржина во општината преку нејзино проширување и реогранизирање – се на едно место! Спортскиот центар на отворено ќе биде спортски гигант за оваа населба и еден од најубавите спортски терени во градот, ќе покажеме дека и Шутка умее и може!, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари Ферат Асан.

Од денешните предизборни активности на караванот ,, Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ,ги издвојуваме и активностите на потпретседателот Фатмир Битиќи кој заедно со претседателот на СДММ, Марко Михајловски присуствуваше на  младинската трибина во Куманово.

– Младите се движечката сила на социјалдемократскиот сојуз. Не можеш да зборуваш за развојна економија а младите да не се вклучени, затоа мораме секојдневно да сме блиску до нив, за заедно со нив да ја креираме нивната иднина. На 17ти октомври Куманово има лесна задача, да го одбере најдоброто за Куманово, затоа што Оливер Илиевски е токму тоа. И токму младите се тие кои ќе ја пренесат пораката, затоа што најдобро знаат да препознаат посветеност, праведност, правичност, другарство. Младите најдобро знаат што е добар избор, изјави Битиќи.