Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев по средбата на коалицијата „Можеме“: Наш предлог за избори е 14 јуни

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлагаме изборите да се одржат на средината на јуни, датумот што го предлагаме е 14 јуни, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по координативната средба со претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“. Ова, како што нагласи, ќе биде предложено и во вторник, на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски на која се очекува да биде утврден датумот за одржување на вонредните парламентарни избори во земјава.

Првиот човек на СДСМ го образложи ваквиот став со потребата од кредибилни институции кои ќе работат во полн капацитет за справување со кризата од ковид-19.

„Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од четири месеци имаме техничка влада, три месеци како е распуштено Собранието. Потребни се и Собрание и Влада за преземање на конкретни чекори, пред сè, за надминување на економската криза. Со тоа, сè повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори“, рече Заев.

Заев образложи дека во ситуација кога интензитетот на кризата се намалува, изборите треба да се одржат, бидејќи во такви услови нема загрозување на здравјето на граѓаните. Тој рече дека на државата и се потребни избори, веднаш штом се создадат услови за нивно одржување, а во моментот охрабрува тоа што мисијата на ОДХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи, а и други држави не случајно одат на избори во овој период.

Зоран Заев избори Коалиција „Можеме“ СДСМ Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.