Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Во 2018 Македонија да стане просперитетна држава и членка на НАТО

0
By Нова ТВ on December 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 30, 2017 10:27

На истекот на 2017 година, премиерот Зоран Заев испрати честитка до граѓаните за подобра и попросперитетна Македонија. Тој очекува дека во 2018 година земјава ќе стане 30-та земја членка на НАТО и ќе биде економски просперитетна и респектирана држава. Во продолжение текстот и видео од новогодишното обраќање на премиерот.

Годината што заминува ќе ја паметиме по најголемиот успех на граѓаните на оваа земја. Слободоумните граѓани ослободија – заробена држава. Се соочивме со предизвиците и се случи пресврт. Се случи промената. Македонија се стабилизираше и тргна кон раст и развој.

Со промената на власта, граѓаните јасно порачаа дека очекуваат нова пракса и нови политики при управувањето со државата. Тоа е главен предуслов за враќањето на довербата кон институциите и кон власта како политички инструмент.

Клучен фактор за создавање доверба е да се спроведува владеење на правото.

Правната држава создава сигурност за секој граѓанин поединечно, и за општеството во целост.

За добро и одговорно владеење неопходни се уште и: Почитувањето на човековите права, социјалната правда, јавното и отчетно работење и обезбедувањето целосно учество на сите граѓани во општеството. Реформата подразбира вклученост, на сите, за сите, без исклучок, по било кој основ.

Ставањето на граѓанинот во центарот на нашата грижа, значи постојано подобрување на условите за живот на луѓето и поттикнување на сигурноста на граѓаните – да се биде сигурен значи да се биде ослободен од страв, ослободен од економска и друг вид неизвесност.

Борбата со сиромаштијата и обезбедувањето на сигурноста се основни услови, но тие се само дел од поголема целина. Знаењето, вештините и здравјето како врвни приоритети, ја подигнуваат свеста за афирмација на човековото достоинство. За достоинствени граѓани на нашата Македонија.

Ќе бидеме достоинствени ако сме чесни, а чесноста подразбира борба против корупцијата.

Како одговорен политичар, и како премиер на Република Македонија, силно се противам на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани. Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив.

Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права – и ништо помалку.

Одредени политичари во изминатите години избраа да водат политика на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“.

Тоа е политика што гради минато, а не иднина. А, нам, наместо поделба ни треба доверба. Само интегрирана Македонија, единствена во различностите, ќе биде стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани. Во таква Македонија веруваат мнозинството од граѓаните. Затоа градиме општество еднакво за сите.

Почитувани мои сограѓани, што уште не очекува во 2018 година?

Не очекува многу ангажман, со единствена цел: мирен и квалитетен живот за граѓаните.

Ќе растат платите, затоа што имаме сериозен и прецизен План за економски раст. Тој план ќе обезбеди нови, подобро платени работни места. Проектираниот буџет за 2018 ќе донесе финансиска стабилизација на земјата, раст и правичност. Ќе ги интензивираме напорите во реформските процеси за демократска обнова на општеството, за обезбедување професионални и деполитизирани институции, еднакво и квалитетно услужни кон сите граѓани.

Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот.

Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ. Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување.

На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети!

Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина! Сега, кога 21-от век станува полнолетен, ајде заедно да го положиме испитот на зрелоста, заради иднината на нашата заедничка Македонија. Заслугите ќе им припаднат на сите!

Нека ни е среќна, и бериќетна, новата 2018 година!

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Зоран Заев НАТО Нова година обраќање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.