Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за Груевски: Настојуваме тој да биде испорачан

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 15:13

Премерот Зоран Заев изјави дека не ја губи надежта по прашањето за испорачување на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија и покрај ставот на еврокомесарот Јоханес Хан, кој се сомнева дека тоа ќе се случи и фактот дека ниту Европскиот парламент не може да направи нешто по ова прашање.

-Знаете дека многу прашања во Македонија беа невозможна мисија, па се оствaрија. Има уште многу што треба да се остварат и коишто се очекување на граѓаните. Јас продолжувам да правам напори, како Претседател на Влада заедно со институциите, коишто ги имаме, пред се, Министерството за правда, да настојуваме да бараме негово испорачување, заради тоа што тоа е минимум што можеме да очекуваме од пријателска земја, како што е Унгарија, која што е членка на ЕУ и на НАТО. Затоа, како што реков по сите меѓународни правила, конвенции, па дури и по домашните закони на Унгарија нема никакво право да биде доделен азил на господинот Груевски, рече Заев на новинарско прашање по дебатата за уставните амандмани во Штип.

Прашан дали има коментар за претседателот Ѓорге Иванов, кој кога беше прашан дали очекува апсење, неговиот одговор беше „ништо чудно“, премиерот Заев забележа дека е „срамно да дава коментари за вакви работи“.

-Не знам се уште во кој свет одредени луѓе живеат, а така ќе го прашам и претседателот Иванов. Каде во светот, власта извршна апси, власта извршна истражува, власта извршна прави обвинителни акти или слично? Тоа е надлежност на Основното јавно обвинителство и на судството во Република Македонија. Веројатно бевме навикнати од претходната власт дека тоа е едно исто. Не е исто. Јас сум генерално против притвори, јас сум генерално за транспарентни процеси. Јас сум за помирувањето во Македонија. Јас ги преземам чекорите, секако, со многу други чинители и од владејачкото мнозинство и од институциите на системот, и верувам дека во тој дух треба да продолжиме, рече Заев.

Заев рече дека на сите во земјава преку глава им е поделбата на граѓаните и затоа мора, како што рече, да се сплоти општеството, но и да се обединат сите кон европската иднина на Македонија и НАТО, како заеднички стратешки определби. Но, додаде, исто така треба да се спроведат и најавените реформи, кои за граѓаните значат очекување за добар живот во Македонија.

Груевски екстрадиција Заев Иванов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.