Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за пожарот во Тетово: Немаме проблеми со анкетна дебата во Собрание, ама прво истражните органи да си завршат работа

0
By Sashko on September 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражните органи прво да ја завршат работата, а немаме проблем во Парламентот да бидат повикани сите претставници на дебата за да се добијат одговори што народот сака да ги слушне, истакна премиерот Зоран Заев во врска со истрагата за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово од 8 септември, во кој изгореа 14 луѓе.

Не бегаме од транспарентност и придонесот да се откријат сите детали и се дадат сите одговори за тоа што се случило во Тетово како причина за предизвикување на пожарот. Но, како што е редот, прво да оставиме истражните органи да ја завршат работата. Не може политичките претставници да бидат главни носители на истрагата. Кога ќе заврши истрагата, таа ќе биде соопштена, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања на промоцијата на НАТО центарот за поддршка домашни компании.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија во Собранието за да се сослушаат сите страни во врска со трагичниот настан, премиерот одговори дека парламентот го има тоа право и го практикувал во минатото да отвори дебата преку посебната анкетна комисија за да се разговара за сите детали.

Првиот репрезент на нашиот народ е Парламентот и немаме проблем да бидеме таму и да ги дадеме неопходните одговори кои нашиот народ сака да ги слушне, додаде Заев.

Одговори и дека „не мисли да го резреши“ министерот за здравство, Венко Филипче поради писмото кое вчера го пратија хирурзите од Градската општа болница „8 септември“, незадоволни од условите за работа и тоа што функционираат само две хируршки сали.

Анкетна дебата Зоран Заев истрага Македонија пожар Собрание Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.