Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици утре на Собрание

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието утре попладне треба да се одржи седница на чиј дневен ред е Законот за јазиците во трето читање. Ова е договорено на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Парламентот.

Од Кабинетот на Џафери се уште нема официјална информација, туку најавија дека за закажаниоте седници ќе има објава на веб-страната на Собранието до крајот на денот.

Седницата за амандманите требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандамните поднесени од ВМРО ДПМНЕ. Тогаш дел од пратениците на СДСМ бараа за амандманите да се расправа без да се крши Деловникот на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, кој денеска повторно не присуствуваше на координацијата, вели дека доколку седницата биде закажана тие ќе присуствуваат на неа со цел да ги бранат амандманите.

– Нашиот став за амандманите останува ист, вели тој додавајќи дека тие треба да се разгледуваат на седница.

Претходо и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски повеќепати изјави дека немаат намера да ги повлечат амандманите. Тој предлози, наместо тоа, власта да го повлече законот и да се формира експертска група која би изработила нов закон.

Премиерот Зоран Заев вчера рече неделава се очекува да биде донесен законот за употреба на јазиците, а по девет месеци расправата треба да биде завршена.

– Прашањето треба да биде што побргу затворено. Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други, изјави Заев.

Според премиерот, пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата.

– Но, оваа недела законот треба конечно да се донесе. Чекорите ќе се движат во согласност со демократските процедури и ваквите прашања што ќе ја крепат мултиетничноста на државата, конечно, ќе бидат затворени, порача премиерот.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, откако тој непотпишан и со низа забелешки беше вратен во Собранието. Врз основа на овие забелешки 35.569 амандмани поднесе само опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за кого законот е неуставен и треба да се повлече.

Закон за јазици координација Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.