Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за употреба на јазиците ги скара Милошоски и Адеми

1
By Влатко Чаловски on September 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за европски прашања на која се расправа за Законот за употреба на јазиците, продолжи со образложението на министерот за правда Билен Саљији околу тоа зошто е потребно унапредувањето на користењето на јазиците во државните институции и тела, но “дебатата“ помеѓу пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Џеват Адеми од ДУИ засега е единствената расправа внатре во комисијата.

Милошоски неколкупати во својот говор како координатор на пратеничка група, имајќи 30 минути на говорницата, ги повтори ставовите дека предлог-законот за кој се разговара всушност е политички договор на владината коалиција и без аргументи се носи по брза постапка под превезот на европското знаменце.

„Предлог-законот е противуставен и се работи за предизборен политички договор. Ако беше регуларен немаше за него да се разговара со европско знаменце туку ќе се носеше по регуларна постапка. Дали воопшти ги поканивте на дебата за да го кажат своето мислење Симона Грујовска – Маџовска или Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик. Дали воопшти ги поканивте за овој предлог-закон мислење да дадат професорите Силјановска, Ќулавкова, Ванковска да го кажат своето мислење“, ги предупреди Милошоски своите колеги кои доаѓаат од Велес, Штип, Радовиш, Кавадарци, алудирајќи дека овој Закон за употреба на јазиците е дискриминирачки кон другите етнички заедници.

„Овој предлог-закон слободно може да се нарече „Закон за употреба на албанскиот јазик“, иако граѓанинот Албанец нема да добие ништо повеќе во Кичево, Тетово или Струга со носењето на овој закон“, потенцираше тој.

ЏЕВАТ АДЕМИ: ДУИ НАСТРАДА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ПОРАДИ КОАЛИЦИРАЊЕТО СО ВМРО-ДПМНЕ

По говорот на Милошоски, за реплика се јави пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, кој се обрати на македонски јазик, потенцирајќи му на Милошоски дека нему не му пречи македонскиот јазик како што на Милошоски му пречи албанскиот поради вредносниот систем кој го имал.

Џеват Адеми, пратеник од редовите на ДУИ

„Употребата на албанскиот јазик по овој закон, не е против македонскиот, туку само им помага на Албанците да ги остварат своите загарантирани права“, рече Адеми, кој потенцираше дека Владата имала смелост и храброст што го предлагала овој закон како дополнување за имплементација на Охридскиот рамковен договор.

По ова, Милошоски му одговори на Адеми дека неговиот интерес (на Џеват Адеми) не бил во полза на албанскиот граѓанин и дека усвојувањето на овој предлог-закон само ќе значи доплнителна нестабилност помеѓу Македонците и Албанците.

„Интересот на Адеми за правата на Албанците и ист каков што е интересот на Теута Арифи за загадувањето кое ги мачи Албанците и Македонците во Тетово или интересор на Села за струшката депонија од која се гушат и Македонци и Албанци. Не, ова е политичко алиби на ДУИ, кој изгуби 10 пратеници поради корупцијата и неработењето и барањето поткуп од Изет Меџити во Чаир или Теута Арифи во Тетово. Граѓаните ги казнија ДУИ оти им бараат пари за секој еден документ да извадат од општината“, рече Милошоски.

По ова, Адеми во одговор кон Милошоски, му призна дека ДУИ бил казнет од граѓаните Албанци.

„Да, ДУИ беше казнет од гласачите, но поради коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ“, одговори Адеми.

Комисијата во моментов е на пауза. Општата расправа за предлог-законот максимум може да трае до завршувањето на работните часови во четврток. Потоа истиот оди на пленарна седница, од каде што треба да се врати во Комисијата за европски прашања на второ читање.

Антонијо Милошоски ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Закон за јазици Собрание Џеват Адеми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.