Новак Ѓоковиќ, конечно, заличува на себе што се однесува барем до настапите на силниот Мастерс во Рим што се игра за награден фонд од 4,8 милиони евра. Првиот српски рекет во два сета го елиминира Шпанецот Алберто Рамос Вињолас со 6:1, 7:5 и за првпат во 2018 година се пласира меѓу осумте најдобри на некој турнир.
Поранешниот најдобар светски тенисер тргна моќно во мечот. Направи четири брејка во воведниот сет што го реши во своја корист за 32 минути. Вториот донесе будење на Рамос Вињолас кој, сепак, немаше сила да парира на Ѓоковиќ и евентуално да осигура трет сет.
Негов нареден ривал на Мастерсот од серијата 1.000 во Вечниот град ќе биде Јапонецот Кеи Нишикори кој славеше во меѓусебниот дуел од првото коло во Мадрид.
АТП Мастерс во Рим/награден фонд 4,872.105 милиони евра
Осминафинале – резултати
Ѓоковиќ (11., Србија) – Рамос Вињолас (Шпанија) 6:1, 7:5
Нишикори (Јапонија) – Колшрајбер (Германија) 6:1, 6:2
А. Зверев (2., Германија) – Едмунд (В. Британија) 7:5, 7:6
Чилиќ (4., Хрватска) – Пер (Франција) 6:3, 6:4
Надал (1., Шпанија) – Шаповалов (Канада) 6:4, 6:1
Гофан (9., Белгија) – Дел Потро (5., Аргентина) 6:2, 4:5 (Дел Потро го предаде мечот)
Карењо Буста (10., Шпанија) – Бедене (Словенија) 6:4, 6:7, 6:2
Фоњини (Италија) – Гојовчик (Германија) 6:4, 6:4
ВТА Мастерс во Рим/награден фонд 4,872.105 милиони евра
Осминафинале – резултати
Гарсија (7., Франција) – Стивенс (9., САД) 6:1, 7:6
Шарапова (Русија) – Гаврилова (Австралија) 6:3, 6:4
Контавеит (Естонија) – В. Вилијамс (8., САД) 6:2, 7:6
Кербер (11., Германија) – Сакари (Грција) 6:1, 6:1
Халеп (1., Романија) – Кис (САД) / Кис го предаде мечот
Остапенко (5., Летонија) – Конта (В. Британија) 2:6, 6:3, 6:4
Свитолина (Украина) – Касаткина (Русија) 0:6, 6:3, 6:2