Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Замина во голем стил: Пепе го исплати економатот и куварките во Бешикташ и одлета од Босфорот

0
By Нова ТВ on December 16, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пепе (35) се спакува и замина од Бешикташ. Португалскиот дефанзивец во Истанбул пристигна во минатото лето од Реал Мадрид како слободен играч. Со турскиот прволигаш потпиша двегодишен договор и со заработувачка од 5 милиони евра стана најплатен играч во клубот. Но, финансиските проблеми во кои западна „црно-белите“ и неколкуте неисплатени плати беа причина да побара предвремен раскин на соработката, предлог што наиде на одобрување кај управата која на тој начин се заштити од евентуална тужба.

Притоа Португалецот се погрижи да одлета од Босфорот во голем стил. Откако постигна договорот со клупските челници и го сподели со соиграчите, направи голем гест што долго ќе остане во паметење кај персоналот во клубот кој исто така имаат побарувања за заостанати плати. Пепе на заминување ги исплати вработените од свој џеб, ги почести со коверти економот, куварките и сите лица што се придружен дел во секоја фудбалска екипа и чија работа не е видлива на терен.

Пепе, кој сега е слободен играч и може да договори нов ангажман во зимскиот преоден рок, одигра 53 натпревара за Бешикташ што ги зачини со седум гола и три асистенции. Само во тековната сезона пет пати ги тресеше противничките мрежи, трипати во турското првенство и двапати во Лига Европа. Фудбалерот, кој е роден во Бразил, пред Бешикташ и Реал Мадрид играше уште за Порто и за Маритимо во Португалија.

Бешикташ Договор Пепе Раскинување фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.