Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заштита за древниот град во Ирак: Вавилон под капа на УНЕСКО

0
By Нова ТВ on July 6, 2019 СВЕТ
Фото: histmag.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 6, 2019 20:03

Древниот град Вавилон и националниот парк на Исланд што е преполн со ледени пештери и вулкани се само дел од новите локалитети со статус Светски културни наследства и под заштита на УНЕСКО. Ги преку 1.000 ширум светот. Некои се природни, некои се културни, а некои се и едно и друго. Критериум за нивна селекција е вредноста што ја имаат на човечкиот род.

Двете споменати се можеби и најпознатите што се изгласани од Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан. Комплетната листа, пренесува британски „Гардијан“ ќе биде позната во текот на викендот.

Вавилон се наоѓа на брегот на реката Еуфрат, на 88 километри од Багдад, и конечно ја добива заслужената заштита по децениските напори на ирачката влада во тој правец. Градот е стар повеќе од 4.300 години и во најголем дел сега е археолошка рушевина додека некогаш беше место на кое промовираа и паѓаа династии. За првпат се споменува во 23 век пред нашата ера и се верува дека во него постоеле т.н. Висечки градини, едни од седумте светски чуда на стариот век.

Историјата на Вавилон е пребогата и блескава. Градот бил преполн со храмови и палати, но добар дел од неговите содржини претрпеа значителна штета низ времето. Меѓу новите локалитети на листата на УНЕСКО се и Хирканските шуми во Азербејџан, древната металуршка работнилница во Буркина Фасо и Охридскиот регион од албанска страна.

Исландскиот парк „Ватнајокул“ е основан во 2008 година. Зафаќа 14 отсто од островот и распространет е на југоистокот од земјата. Со вулкани, земјотреси, топење на глечери, кратери и геотермална активност е толку драматичен што во номинацијата на УНЕСКО се опишува како подрачје на алармантни природни судири, но и заносна хармонија.

Локалитет на листата на УНЕСКО доби и Кина. Станува збор за резерват за птици преселници долж брегот на Жолтото море и заливот Боха, но и голем број видови на риби и ракови и има богат екосистем.

Вавилон заштита Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.