Слоун Стивенс, Анџелик Кербер и Кики Бертенс остануваат во игра имаат подеднакви шанси за полуфинале на завршниот ВТА Мастерс во Сингапур што не важи и за Наоми Осака која со два пораза е закована на дното на табелата во т.н. „Црвена група“ пред мечевите од последното коло.

Во првиот меч од денешната програма на турнирот вреден седум милиони долари, Кербер ја совлада Осака со 6:4, 5:7, 6:4, а подоцна и Стивенс беше подобра од Бертенс со 7:6, 2:6, 6:3.

Стивенс е водечка во „Црвената група“ со максимален ефект, Бертенс и Кербер имаат по победа и пораз. Кои двете тенисерки ќе разигруваат за титулата од оваа конкуренција ќе биде познато по натпреварите од третото коло во кои Бертенс ќе игра со Осака додека Стивенс со Кербер.