Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши “голготата“ на ДИК: Одбиен и последниот приговор на СДСМ

4
By Нова ТВ on December 17, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 17, 2016 22:22

Државната изборна комисија со четири гласа за и четири гласа против го одби последниот приговор на СДСМ и коалицијата за прегласување во избирачкото место 2011 во Теарце.

Членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи се иззеде од гласањето, што според Бедредин Ибраими од ДПА е недопустливо, затоа што Јакупи учествувал во дебатата.

– Ние сме тука како членови на ДИК. Тој машки се иззеде, а јас машки ќе гласам. Не смее ниту кој било друг член затоа што бегаме од одговорност. Нема да газам врз нашата едногодишна работа, кој ја прославивме со зурли и тапани – рече Ибраими.

Според претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, избирачкиот одбор направил неколку повреди на постапката.

– За мене од изведените докази е битно дека констатиравме неколку повреди на процесот на гласање и најголемиот проблем е што ОИК не им дал добри инструкции. Не можеме со сигурност да потврдиме дека ливчето е употребено за бугарски воз. Најлошо е што ОИК не го затворила гласањето – рече Чичаковски.

Виолета Дума од СДСМ рече дека записникот кој е дел од доверливиот материјал не бил најден, иако членовите на избирачкиот одбор тврделе дека го пополниле.

„Ливчето што недостасувало не е дрпнато, туку е намерно со големо внимание скинато ливчето“, рече Дума.

Според Игор Милев од СДСМ, во целост се исполнети условите дека ДИК треба да го поништи гласањето на ова гласачко место, бидејќи се утврдило дека избирачкиот одбор работел спротивно на изборниот законик.

„Верувајте, не е е случајно. Мора да има намера. Откинати се повеќе од милион ливчиња од кочан и вакво нешто немало. Должност и обврска на одборот биле да се прекине гласањето. Прекршено е и правилото ливчињата да се бројат едно по едно од кутијата, туку овде биле истурени ливчињата на масата за да бидат броени“, рече Милев.

Според Силвана Бонева, тоа што не е најден образецот број 15 не значи дека го нема.

– Гласањето почнало со бројот 1534020, бидејќи сите членови на одборот потврдија дека гласањето почнало со тој број. За нас не е битен образец број 15, туку сведочењето на членовите. Јасен е фактот дека ненамерно е откинат кочанот со ливчето “, рече Бонева, која додаде дека овие приговори од СДСМ биле малтретирање и со цел насила да се направи промена во мандатите кои биле констатирани.

Претходно, во текот на сослушувањето на членовите на избирачкиот одбор, Христина Трипуновска посочи дека било прекршени две правила во однос на нејзиното учество во избирачкиот одбор на избирачкото место 2011 во општина Теарце.

Партиите во следните 24 часа имаат право на жалба до Управниот суд на одлуките, кој пак во рок од 48 часа треба да донесе одлука по жалбите на партиите.

Дик избори приговори членови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.