НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши вонредната состојба, од утре во кампања

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера заврши вонредната состојба во траење од осум дена што на 15 јуни ја прогласи претседателот на државата, Стево Пендаровски, а ја побара Владата заради спроведување на предвремените избори со мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија. Со тоа, од денеска продолжуваат да течат изборните рокови, а според нив, од утре (24 јуни) и официјално започнува изборната кампања. За првпат во досегашната изборна практика таа ќе се реализира во посебни услови.

Партиите веќе најавија дека во интерес на превентивата и здравјето на граѓаните нема да практикуваат митинзи и поголеми собири. Ќе имааат средби со граѓани, но во помал обем, а изборните програми претежно ќе ги презентираат онлајн. Обраќањата до граѓаните ќе ги реализираат преку медиумите и социјалните мрежи. На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена. На 13 јули ќе гласаат заразените со Ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14 јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15 јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок – од 7 до 21 часот.

Додека терминот за гласање е продолжен, скратено е финансирањето на партиите во тековната година. На предлог на Министерството за правда, Владата пред четири дена донесе Уредба за финансирање на политичките партии во 2020 година, со која четири милиони евра предвидени за партиите ќе останат во буџетот, а за партиите ќе преостанат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно со законските прописи.

Иако кампањата официјално почнува утре, неформално таа започна многу порано, со посета на партиските лидери на општини, со отворање изборни штабови, па се до меѓупартиски реакции и барање одговори и одговорност за содржината на разни аудио-бомби кои осамнуваат на Јутјуб, а се поврзани со случаи кои во јавноста ги добија имињата „Рекет 1“, „Рекет 2“ или 3, итн.

Набљудувањето почна

Дел од овие практики веќе влегуваат во радарот на странските набљудувачи. Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вчера соопшти дека официјално ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) за изборите на 15 јули. Мисијата е предводена од Лаима Андрикиене (Литванија) и се состои од главен тим од осум интернационални експерти со седиште во Скопје.

„Мисијата ќе ги процени изборите за нивната усогласеност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство. Набљудувачите ќе ги следат фундаменталните аспекти на изборите, како што се регистрација на гласачите, регистрација на кандидатите, активности во кампањата и медиумско покривање на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните државни органи, спроведувањето на правната рамка и решавање на изборните спорови. СМПИ на ОДИХР исто така ќе спроведе квалитативно и квантитативно мониторирање на медиумското покривање на изборната кампања“, се наведува во соопштението.

Мисијата ќе оствари состаноци со претставници на релевантните власти и политички партии, со граѓанскиот сектор, со медиумите и меѓународната заедница, ќе соработува тесно со здравствените власти и ќе ги следи здравствените протоколи коишто ги имаат воспоставено.

„СМПИ на ОДИХР нема да спроведе систематско или сеопфатно набудување на постапките за гласање, броење и сумирање на гласовите на денот на изборите, во согласност со методологијата на ОДИХР за мисиите за проценка на изборите. Меѓутоа, членовите на мисијата ќе посетат ограничен број на избирачки места на денот на изборите“, потенцираат од Канцеларијата на ОБСЕ.

Еден ден по изборите, ОДИХР ќе ги објави прелиминарни заклучоци за изборниот процес, а конечниот извештај со проценка на целиот изборен процес, кој содржи препораки, ќе го објави приближно два месеци по завршувањето на изборите.

Денот на гласањето ќе биде под лупа и на други стански набљудувачи, како и од бројни домашни организации. Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација „МОСТ“, која 20. години ги следи изборните процеси во земјата, веќе најави дека за изборите ќе ангажираат околу 1.000 набљудувачи, од кои 700 ќе бидат статични, на гласачките места, а останатите ќе бидат дел од регионалната мрежа и од мобилните тимови.

ДИК ги проверува избирачките места

Со цел да бидат исполнети сите стандарди и протоколи за безбедно гласање, тимови на ДИК составени од членови, вработени во подрачните канцеларии на Комисијата и претседатели на Општинските изборни комисии, деновиве се на терен за да ја проверат и утврдат фактичката состојба на избирачките места. Целта е да се изнајдат соодветни просторни решенија кои би ги задоволиле безбедносните и здравствени мерки за заштита на гласачите и на изборните органи на денот на гласањето. Проверки се прават на територија на целата држава.

Поради состојбата со Ковид-19, треба да бидат обезбедени поголеми простории кои ќе можат да се проветруваат почесто во текот на целиот ден на гласањето. Не е исклучено гласачки места да има во ходници и во спортски сали во училишта. ДИК треба да изврши и избор на членовите на т.н здравствени избирачките одбори кои на 13 јули ќе треба да го спроведат гласањето на лицата болни од Ковид-19 во изолација и самоизолација, . Списоците на здравствените работници Министерството за здравство веќе ги доставило до ДИК, а за пополнување на тие места во избирачките одбори во сите шест изборни единици потребни се околу 500 здравствени работници.

вонредна состојба избори кампања Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.