Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зелено светло на германско обвинителство за екстрадиција на Пучдемонт

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 3, 2018 12:41

Обвинителот на германската регионална држава Шлезвиг-Холштајн денес соопшти дека побарал од судот да дозволи екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пучдемонт во Шпанија, каде е обвинет за поттикнување бунт.

– Канцеларијата на обвинителот на Шлезвиг-Холштајн по интензивни проверки на европскиот налог за апсење на Пучдемон што го издаде Шпанија, поднесе барање за екстрадиција до регионалниот суд, се наведува во соопштението.

Обвинителството оцени дека барањето на Шпанија за екстрадиција под обвинение за бунт и финансиски малверзации е оправдано, бидејќи можело да се очекува дека организирањето на противуставниот референдум за независнот на Каталонија, ќе доведе до насилни судири.

Финалната одлука ќе треба да ја донесе компетентниот германски суд во наредните 60 дена.

Обвинителот исто така одлучи дека Пучдемонт треба да остане во затвор поради ризик од бегство.

Многумина се надеваа дека германскиот закон нема да дозволи екстрадиција бидејќи во германскиот закон не постои обвинение за бунт како што тоа го бара Шпанија. Но, обвинителството, во својата анализа, оцени дека акцијата на Пучдемонт се доближува во «високо предавство» што фигурира во германскиот кривичен закон.

Во обид да избегне екстрадиција, Пучдемонт вчера изјави дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила.

– Немаше насилство, значи немаше ни бунт, изјавил Пучдемонт.

Германските власти минатата недела го приведоа Пучдемонт врз основа на меѓународната потреница што против него ја објави Шпанија под обвинение за бунт и поттикнување на бунт во врска со одржувањето на референдумот за отцепување и прогласувањето на независност на Каталонија на 27 октомври 2017 година.

Девет каталонски политичари се во затвор во Шпанија а шестмина од нив се членови на извршната власт во Каталонија. Помеѓу нив е екс претседателката на каталонскиот парламент.

Уште една каталонска политичарка, Клара Понсати, се наоѓа во Шкотска и сама се пријави во полицијата. Таа очекува одлука на шкотските власти за нејзината екстрадиција.

Германија екстрадиција Карлес Пучедмонт Каталонија рефереднум Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.