Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на грчко-албанската граница, соопшти Американскиот геофизички институт, јави ТАСС.

Потресот е регистриран во 20.14 часот, наведува Институтот.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар.

Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета и дали има повредени луѓе.