Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотрес во Албанија: Најмалку 49 повредени, надлежните апелираат да се остане на отворено

0
By Нова ТВ on September 21, 2019 СВЕТ
Фото: weather.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 49 лица се повредени во силниот земјотрес што попладнево ја погоди Албанија и предизвика голема материјална штета во земјата, вознемиреност меѓу нејзиното население, но и кај жители во речиси сите држави во регионот. Покрај западниот сосед, се тресеше и западниот дел на Македонија и Скопје, а потресот се почувствува и во делови на Грција, на Косово, во Србијам, во БиХ и во Хрватска. Епицентарот на потресот беше во близина на Драч, на длабочина од 10 километри во Јадранското море, и според инструментите на Европската сеизмичка опсерваторија беше со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала. Според албанските сеизмолози, денешното тресење на тлото е најсилно во земјата во последните 20-30 години.

Албанските медиуми, пак, пренесуваат за сериозни оштетувања на зградата на Рударскиот факултет во Тирана како последица на силниот земјотрес. Сериозното трепење на тлото најпрво доведе до оштетување на ѕидовите на објектот по што и целосно се урнаа. Тотално се уништени и два автомобила што беа паркирани во дворот на факултетот.

„Земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч е најсилен до сега по оној од април 1979 година. Почувствуван е во сите делови на Албанија и во соседните земји“, наведува ТВ „Ора њуз“.

Тлото во Драч не мирува. По двата силни земјтреса регистрирани се уште неколку со послаб интензитет. Надлежните упатија апел до жителите на Драч да не се враќаат во домовите поради можноста за нови потреси. Улиците и плоштадите во градот се преполни од народ.

Албанскиот премиер Еди Рама го откажа учеството на Генералното Собрание на Обединетите Нации во во Њујорк и вечерва се враќа од Франкфурт поради вонредната ситуација по силниот земјотрес што ја погоди попладнево Албанија.

Министерството за одбрана на Албанија, повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, соопшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени со епицентар покрај островот Родон на 30 километри од Драч.

Во меѓувреме државната полиција е ставена во целосна готовност. Врз основа на наредбата на генералниот директор Анди Велија, полицијата, вклучувајќи ја и сообраќајната, е на терен за да го регулра сообраќајот, да бидат на располагање на граѓаните, да ја намалат паниката и да го обезбедуваат нивниот имот.

Албанија апел биланс земјотрес повредени штета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.