Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјотрес во Пакистан: Најмалку 20 загинати и стотици повредени

0
By Sashko on October 7, 2021 СВЕТ
Фото: nbcnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 12:22

Најмалку 20 лица загинаа, а околу 300 се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди јужен Пакистан, соопшти администрацијата за управување со катастрофи. Спасувачките екипи велат дека повеќето од загинатите се жени и деца.

Фото: manchestereveningnews.co.uk

Земјотресот се случи на релативно плитка длабочина од 20 километри, со епицентар на 102 километри источно од градот Квета, објави американскиот геолошки институт (USGS).

Се урнаа повеќе од 100 глинени куќи, а многу згради се оштетени. Телевизиските снимки покажуваат згради со пукнатини, урнати покриви и sидови.

Стотици луѓе останаа без покрив над главата, изјави Сохаил Анвар, заменик-комесар на областа Харнаи во провинцијата Балучистан, за агенцијата „Ројтерс“.

„Наредив итна помош за жртвите од земјотресот во Харнаи, Балучистан, итно да се процени штетата за навремена помош и надомест. Сочувство и молитви за семејствата кои ги загубија своите најблиски“, рече пакистанскиот премиер Имран Кан.

Најмалку девет тешко повредени лица беа однесени во Квет со воен хеликоптер, објави „Асошиејтед прес Пакистан“.

Земјотресите во Пакистан се чести, бидејќи земјата се наоѓа на место на спојување на индиските и евроазиските тектонски плочи.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени го погоди Квет во 1935 година. Меѓу 30.000 и 60.000 луѓе загинаа, а поголем дел од градот беше уништен. Во 2005 година, пак, загинаа околу 73.000 луѓе во земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала на 95 километри североисточно од главниот град Исламабад.

земјотрес Пакистан Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.