Вардар – Барселона и Кјелце – Веспрем се полуфиналните двојки на Фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони. Ова е епилог по денешната ждрепка во Келн.
Полуфиналните мечеви се закажани на 1 јуни во „Ланксес арена“, финалето е ден подоцна. Титулата во ЛШ дотогаш ќе остане кај екипата на Монпелје која во ланското француско финале го порази Нант на Кире Лазаров со 32:26.