Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ждрепка за клупското СП во ракомет: Вардарци во четврт-финале со Ал Мудхар или Њујорк сити

0
By Нова ТВ on August 6, 2019 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 6, 2019 19:27

Европскиот ракометен првак Вардар од 27 до 31 август во Дамам, Саудиска Арабија по вторпат ќе атакува на трофејот на Светското клупско првенство или популарниот Супер Глоуб. Претстојното издание на турнирот ќе биде 13, но воедно и прво со 10 екипи поради што се воведени и квалификации за четврт-финале во кои ќе играат Сиднеј Јуниверзити – Кил, односно, Ал Мудхар – Њујорк сити.

Победникот од саудиско-американскиот дуел ќе биде ривал на „црвено-црните“ во четврт-финалето на 28 август од 12.30 часот, а подобриот од австралиско-германската пресметка ќе излезе на мегдан на египетски Замалек во топ 8 фазата.

Останатите две двојки се Ал Вехда (Саудиска Арабија) – Таубате (Бразил) и Барселона (Шпанија) – Ал Духаил (Катар). Полуфиналните мечеви се закажани на 29 август, а за бронза и за злато на 31 август. Сите натпревари ќе се одиграат во салата „Грин Халс“ во Дамам, град на истокот на Саудиска Арабија и шесто по големина во земјата по Ријад, Џеда, Мека, Медиа и Таиф и истовремено администативен центар на нафтената индустрија.

Титулата ја брани Барселона која во ланското финале го совлада Фухсе Берлин со 29:24 (13:12). Вардарци учествуваа на Супер Глоуб и во 2017 година кога во четврт-финалето го елиминираа ирански Нафт&Газ со 30:22 (15:10) по што следуваше пораз од Барселона во полуфиналето со 29:32 (12:15) по што и убедлив триумф над Ал Сад од Катар со 37:19 (10:14) за освојување на третото место и бронзениот медал на турнирот.

„Супер Глоуб“ Вардар ракомет Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.