Актуелниот владетел во ракометната Лига на шампиони доби група по мерка за сезоната 2019/20 на денешната ждрепка во Виена. Вардар заврши во групата Б заедно со Веспрем против кого ја освои втората титула во Келн, потоа Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје, европскиот првак од 2018 година, Порто и Кил.
Противници доби и вториот македонски претставник во ЛШ за наредната сезона, Еурофарм Работник. Вицешампионот, како единствен дебитант, ќе игра во групата Ц против шведски Савехоф, Татран Прешов од Словачка, фински Кокс, Ирун Бидасоа од Шпанија и Спортинг Лисабон.
Првопласираните од четирите групи ќе одат директно во четврт-финале додека екипите од второто до шестото место ќе разигруваат за пласман во топ 8.
Мечевите од првото коло се закажани од 11 до 15 септември.
Ждрепка за Лига на шампиони – сезона 2019/20
Група А: ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија), Фленсбург (Германија), Алборг (Данска), ПИК Сегед (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска), Елверум (Норвешка), Целје (Словенија)
Група Б: Вардар (С. Македонија), Веспрем (Унгарија), Кјелце (Полска), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Кил (Германија)
Група Ц: Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска), Еурофарм Работник (С. Македонија), Ирун Бидасоа (Шпанија), Спортинг Лисабон (Португалија)
Група Д: Динамо Букурешт (Романија), Чеховски Медведи (Русија), Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанстад (Шведска), Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска)