Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Македонски јазик во Брисел за последен пат се спомна во 2005 година

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 3, 2020 20:25

Несомнено е дека сме чекор поблиску, би рекол дека е направен и круцијалниот исчекор кон остварување на стратешката цел да бидеме земја членка на Европската Унија (ЕУ) и исклучително е важно што се наложува превод на европското законодавство на македонски јазик. Тоа е нешто што треба сите да нè радува и фактички значи дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ штом земјава стане нејзина членка, истакна заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на ТВ Сител.

Очекувањата, според него, се дека преговарачката рамка ќе биде усвоена од сите земји членки на Унијата за потоа да дојде до меѓувладината конференција за почеток на процесот што со нетрпение го се очекува.

„Новата методологија што ја усвои Брисел е нешто што ние го баравме. Тоа значи поголема динамичност, поголем мониторинг, овој процес кој што е лоша вест за оние кои не се спремни, но е добра вест за оние што се подготвени. Ние се сметаме за подготвени, тоа го покажавме со скринингот. Сакавме и баравме да има поголема динамичност, да има процес кој што ќе можеме побрзо да го оствариме и се радуваме за тоа што е така“, истакна Жерновски.

Тој директно ги посочи Договорот од Преспа и оној за добрососедство со Бугарија како причината за ова што се разговара денеска и, како што рече, „без нив земјава повторно ќе беше во блокада“.

„Македонски јазик последен пат се споменува во далечната 2005 година. Значи 15 години, ние немаме никакво спомнување или речиси минимално, дури и придавката македонски не се споменуваше. Сега откако го заокруживме нашиот идентитет во ООН и откако Комисијата во Брисел даде насоки како да се користи македонскиот јазик, правиме еден многу важен исчекор затоа што идентитетот е многу важен“, заклучи Жерновски.

Андреј Жерновски ЕУ Македонија македонски јазик Преговарачка рамка членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.