Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жител на Мичурин не може да ги добие институциите да пријави штета

1
By Влатко Чаловски on September 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 13, 2016 12:56

Серијата земјотреси кои го стресоа тлото на Скопје и околината несомнено остави многумина во состојба на паника. Луѓето веднаш и по најмалите потреси излегоа на улиците а многумина изминатите две ноќи ги поминаа во своите автомобили или најблиските паркови.

Некои од постарите објекти се здобија и со помали материјални штети а над 300 телефонски пријави добил Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Зоран Костовски, кој живее на „Трета македонска бригада“ во Мичурин е еден од оние кој неколку пати свртел на бројот за пријава на штета 195, но безуспешно. Тој стравува дека оштетените оџаци на зградите, Центарот треба да ги види и да констатира состојба, пред истите да однесат жртва доколку се урнат.

– Вртев на 195 не можам да добијам никој. Оџаците од зградата се пред паѓање. Беа во ред, но со земјотресот готови се да паднат и треба тоа да се санира пред да се изгуби човечки живот, вели за НОВА, Костовски, додавајќи дека тој е подготвен, заедно со станарите колку можат да помогнат и финансиски.

Зградата во која живее тој е направена вели во 1960 година и го претрпела големиот земјотрес во 63′ без посериозни последици.

– Оваа зграда е од 1960 година и го издржа големиот земјотрес од кога сме вселени. Тогаш одлучија дека зградата била во ред и дека во неа може да се живее. Го поминавме и земјотресот од 63′ и овој последниот дома. Малку е стресно но се надеваме дека ќе останеме дома и дека нема да има потреба да бараме нов дома, изјави Костовски кој бара да стапи во контакт со ЦУК што е можно побрзо за тие да направат преглед.

Зградата во која живее тој освен трите оџаци оштетена е и во внатрешниот дел. Помала површина од скалите е испукана, а исто така и помал дел од фасадата.

Помала материјална штета претрпеа и други граѓани кои живеат во Скопје, на речиси истите делови од објектите – покривите, оџаците или фасадите.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ , од неделата до вчера во земјава се почувствувани 16 земјотреси. Првиот од низата беше регистриран во неделата неколку минути пред 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер.

Најсилниот пак е регистриран истиот ден во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Вчеравечер во Скопје и околината беа почувствувани два последователни земјотреса во 19.53 часот – првиот со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското подрачје.

Претходно во текот на денот, два потреси беа регистрирани во 11.50 и 14.19 часот со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Сите потреси се во скопското епицентрално подрачје.

земјотрес Скопје ЦУК штета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.