Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЖРК Вардар не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампиони

0
By Нова ТВ on May 13, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 13, 2018 20:15

Ракометарките на ЖРК Вардар во финалето од Ф4 турнирот на Лигата на шампиони во Будимпешта изгубија од Ѓер со 26:27.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (20-20), а во продолженијата Ѓер стигна до историската четврта титула во ЛШ.

Ова е второ финале во низа на Вардарки во Лигата на шампиони и тоа со истиот противник. И лани Вардар беше поразен од Ѓер.

Во почетокот Ѓер ја искористи предноста на домашниот терен и во поголемиот дел од првото полувреме наметна минимална предност од два поени.

Ракометарките на Вардар првите давесетина минути не наоѓаа решение во нападот.

Благодарение на исклучително добрата одбрана на Амандин Лејно, македонските ракометарки се вратија во ритам и во 25 минута стигнаа до израмнување, а потоа поведоа.

Полувремето продолжи да се игра гол за гол и на паузата се замина со резултат од 9:9.

Целиот втор дел продолжи да се игра поен за поен се до последните секунди и натпреварот во редовиот период заврши израмнето 20:20.

Вардар не успеа да ја ефектуира одбраната на Лејно и да поведе.

Во продолженијата Ѓер некоку пати стигна до минимално водство, но Вардар се доближуваше на гол разлика се до самиот финиш на финалето, кое заврши со победа на унгарските ракометарки од 27:26.

За вардарки ова беше петти настап во низа на завршниот турнир и последен во овој состав, бидејќи на крајот од сезоната странските ракометни ѕвезди го напуштаат македонскиот клуб.

Претходно, ракометарките на ЧСМ Букурешт го освоија бронзениот медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите (ЛШ). Романскиот тим во натпреварот за третото место го совлада Ростов Дон со 31:30.

Ѓер ЖРК Вардар финале Ф4
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.