Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зибери: Етничката припадност да не биде клучен или единствен критериум за нечиј напредок

0
By Нова ТВ on June 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 27, 2020 16:54

Можам да бидам амалгам што ќе ги приближи и нема да ги оддалечува ставовите на политичките партии и да бидам шанса за перспектива на граѓаните, порача Насер Зибери, кандидатот за премиер од редовите на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), при денешната посета на Гостивар.

Зибери во Гостивар оствари повеќе средби со граѓани, стопанственици и претприемачи пред кои ја претстави иницијативата за еднаква економија во приватниот сектор, а за сопствената кандидатура рече дека се базира на подобрување на меѓуетнички односи.

„Целта на мојата кандидатура за премиер е испраќање на порака дека Македонија созреа да создава рамноправни услови за натпревар било тоа на политички, економски, социјален и секаков план. При тоа етничката припадност да не биде клучниот или единствен критериум со кој некому ќе му се дава шанса да оди напред. Доколку се сплотиме околу постулатите за заедништво, рамноправност и европски вредности, ќе создаме тло врз кое ќе се гради заедничката перспектива“, рече Зибери.

Во разговорите со сопствениците на компании кои ги почитувале принципите за кои се залага, тој им кажал дека како иден премиер ќе ги поддржува. Зибери во два наврати даваше изјави, а при тоа на симболичен начин ја демонстрираше поддршка на кампањата за купување на домашни производи и по посетата на маркетите на Монтенегро и ЕТЦ и притоа купи неколку производи за кои рече дека се од домашно производство.

Тој се промовираше како фактор на спојување на различностите, бидејќи како што оцени биполаризмот и затегнатите односи не ја водат државата напред.

„Сакам да се наметнам како кандидат кој нуди подобра перспектива, подобра алтернатива и просперитет за сите. Верувам во себе, верувам во субјектот кој ме поддржува во ваквите ставови, дека можам да бидам еден амалгам кој ќе ги приближи, а не оддалечи ставовите помеѓу различните политички партии и да бидам шанса за перспектива на граѓаните“, рече Зибери.

Зибери при средбите беше придружуван од кандидатите за пратеници од листата на ДУИ во шестата Изборна единица – Арта Биљали Зендели, Вјолца Љатифи Адеми и Хасим Деари.

Гостивар ДУИ Избори 2020 Насер Зибери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.