Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗОИ 2018: Сестра против сестра на мразот во Пјонгчанг

0
By Нова ТВ on December 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спортот во минатото давал голем број примери на роднини како ривали во арените. Таков пример ќе имаме и на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг каде американските сестри Мариша и Хана Брент кои ќе настапат на турнирот во хокеј на мраз за две различни селекции. Едната под знамето на Јужна Кореја, а другата под знамето на САД.

Мариша како четиримесечно бебе ја напушти земјата домаќин на претстојните зимски Игри чие, пак, државјанство доби во 2016 година. Целта на потегот беше настап за јужнокорејците во Пјонгчанг. Во меѓувреме почна со изучување на јазикот и за кратко време се стекна со ѕвезден статус во тамошната јавност.

„Ќе биде забавно да се игра против сестра на олимписките игри, но нималку чудно“, вели Мариша.

Нивната врска со Јужна Кореја датура од најрана возраст. Уште како мали нивните родители ги одведоа во камп за проучување на корејската култура.

„Тоа воопшто не ми се допадна, но Хана го обожуваше, па секоја година се навраќавме. Беше смешно. Таа ја засака корејската храна и теквондото што не беше случај и со мене“, додава таа.

Се присетува и на детството и школските денови во кои покрај редовниот образовен процес, не се делеа и во факултативните активности што беа поврзани со спортот. Заедно одеа на гимнастика, на фудбал, на танц, но се пронајдоа во хокеарската игра и останаа дел од неа.

„Бевме најдобри пријателки“, коментира Хана.

Семејството Брент, сепак, ќе биде поделено во поддршката на Олимпијадата во Пјонгчанг. Мајката на Мариша и Хана наведува дека нејзиниот сопруг најверојатно ќе навива за Јужна Кореја како „аутсајдер“ на турнирот, но дека таа ќе навива за двете ќерки во желбата да остварат што подобар резултат на Игрите.

ЗОИ 2018 Јужна Кореја Мариша Брент. Хана Брент Пјонгчанг САД Хокеј на мраз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.