Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зврлевски побара, Панчевски одобри притвор за 3000 денари поткуп

0
By Нова ТВ on October 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 21, 2016 10:49

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против полицаец кој на 19 октомври е фатен на лице место како прима поткуп од возач за сторен сообраќаен прекршок. Како што соопштија од прес службата на Јавното обвинителство на чие чело е Марко Зврлевски, полицаецот во ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контрола на преглед на возила во Скопје, при што го сопрел возилото на оштетеното лице и му констатирал три сообраќајни прекршока.

„Полицаецот го известил возачот дека за сторените прекршоци му следи казна во висина од 1000 евра, но дека доколку му даде 3000 денари, нема да му биде напишана казната. Возачот изјавил дека во моментов нема пари, но е согласен да му даде поткуп на полицаецот. Се договориле паричните средства оштетениот да ги остави во една од блиските продавници, каде ќе каже дека тие се за полицаецот. При тоа, службеното лице му зело генералии на возачот и телефонски број на кој во следните денови неколку пати го контактирал“, пишува во соопштението од обвинителството.

Оштетениот го пријавил полицаецот и во организирана акција, на 19 октомври осомничениот е фатен на лице место како го зема поткупот. Извршен е претрес на приватното возило на осомничениот каде се најдени податоци за стотина граѓани, адреси и контакт телефони. Најдените докази, според обвинителството, укажуваат дека осомничениот на ист начин ги обработувал и преземал коруптивни дејствија кон поголем број на граѓани.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи изрекување на мерка – Притвор за осомниченото лице, кој предлог со Решение на судот беше потврден со изречена мерка од триесет дневен притвор.

На почетокот на месецов Хелсиншкиот комитет објави критичен извештај за судовите во однос на начинот на кој се определува мерката притвор. Тие заклучија дека судовите спроведуваат селективна правда во однос на одредување на мерката притвор, бидејќи во другите случаи, околу 100 лица, или се неправедно притворени или неоправдано им е продолжена мерката притвор. Повод за овој извештај беше односот кон барања за притвор на СЈО кои редовно се одбиваат, додека за случаи во кои кривичните дела се мали, а не постојат опасности по бегство граѓаните се праќаат во притвор речиси без исклучок.

Претседателот на Кривичниот суд кој го води Владимир Панчевски денеска треба да одлучува по барањата на СЈО за најновите случаи „Топлик“ и „Тендери“ во коишто се осомничени министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска и поранешниот министер и извршен член ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески. Тие од судот не бараат притвор, туку мерки за претпазливост. Досега Судот ги одбиваше речиси сите барања за притвор и превентивни мерки кои ги побара Специјалното јавно обвинителство и тоа за обвинети за тешки кривични дела и злоупотреба на милиони евра државни пари.

 

Владимир Панчевски Кривичен суд Марко Зврлевски Основно јавно обвинителство Скопје поткуп притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.