Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов предлага амнестија за насилниците и тепачите во Собранието

1
By Нова ТВ on May 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2017 18:57

Претседателот Ѓорѓе Иванов, во интервју за Канал 5 ТВ, изјави дека според него после доделувањето на мандатот државата влезе во период на нормализација на состојбите и се надева дека ќе има помирување меѓу народот.

Тој „меѓу редови“ ја спомена амнестијата на осомничените и обвинетите во насилните протести на 27. април, но рече дека за тоа треба да одлучи Парламентот.

„Ние во 2001. година имавме воен конфликт, па најдовме начин за помирување. Доколку сакаат новите пратеници, новиот состав на Собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. Тогаш знаевме дека Собранието  амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции.“ рече Претседателот Иванов.

Иванов објасни и зошто тој не може да го стори тоа, бидејќи постапката за помилување кај Претседателот е долга и таа се однесува откако ќе се изречат правосилни пресуди. А, аболицијата е друго прашање, во случај кога се работи за државен интерес.

Претседателот Иванов во интервјуто негира дека постоело сценарио за прогласување на вонредна состојба во земјата и ангажирање на војската.

„Нека проверат и нека видат. Од име на Советот за безбедност со кој јас претседавам има доставено писмо до Министерството за внатрешни работи писмо за да провери доколку имало такво нешто и за тоа да го извести Јавното обвинителство, што му е обврска. Досега немаме ни одговор на писмото, ниту од Министерството за внатрешни работи, ниту од сите институции каде се водат овие прашања. Така што не доликува на министер за внатрешни работи да дава вакви шпекулативни изјави или некој да верува дека Претседателот ќе воведува вонредна состојба“, рече Иванов.

Тој вели дека согласно Законот за управување со кризи, кога полицијата не може да се справи во некоја предизвик, тогаш се вклучува армијата. А, според него, полицијата на 27 април, успеала да ја контролира состојбата.

амнестија Ѓорѓе Иванов насилници протести Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.