Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е крт во Кривичен: Како обвинетите во „Титаник“ ги дознаа судиите

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 7, 2017 18:59

Судот не знае како обвинетите во случајот „Титаник“ и нивните адвокати ги дознале имињата на судиите од тричлениот совет кои требаше да одлучуваат за барањето на СЈО за притвор на поранешни високи функционери, информира денеска Основниот суд Скопје 1.

Медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија дека одбраната побарала иземање на еден од судиите од тричлениот совет и на негово место е назначен друг, што ќе гласа против притвор на обвинетите. Останува отворено прашањето како одбраната го дознала составот на Судскиот совет кој треба да е таен.

По барање на одбраната, изземен е судијата Дарко Тодоровски, а на негово место во советот е определен Марин Станевски, но записникот за тоа кој како гласал за барањето за притвор е таен.

Според Кривичен, Барањето за изземање на Тодоровски пристигнало во Судот во саботата во 17:20 часот и како што се наведува во соопштението на судот, ако работата по предметот не е завршена судијата чие изземање се бара треба да престане со работа и за тоа да го извести претседателот кој одлучувал по барањето. Рибарев одлучил да го изземе Тодоровски и а негово место го поставил судијата Марин Станевски кој го добил решението во 23:30 минути.

Покрај судијата Станевски во советот членови биле и судијките Билјана Коцевска, и Диана Груевска Илиевска. Но во текот на денот и Коцевска побарала смена поради здравствени проблеми а на нејзино место дошла судијката Џенета Бектовиќ. Во понеделникот Судот објави дека судиите не го прифатиле барањето за притвор за врвот на ВМРО-ДПМНЕ и одлучиле да им ги одземат пасошите.

Рибарев  и денеска тврди  дека не знае како одбраната на обвинетите во „Титаник“ го знаеле составот на судиите кои одлучуваат по барањата за привор на СЈО и во текот на одлучувањето побарале изземање на судијата Дарко Тодоровски. Судот посочува дека доколку странките сметаат дека има некакви нерегуларности, може да се жалат до повисок суд.
Во случајот Титаник за изборни измами, СЈО побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за поранешните министри за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска и за поранешните генерални секретари на владата, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, но судот им ги одби барањата и наместо тоа, како мерка на претпазливост, на обвинетите им ги одзеде пасошите. СЈО за овој случај поднесе жалба до Апелациониот суд.
„Титаник“ ВМРО-ДПМНЕ Кривичен суд Никола Груевски СЈО Стојанче Рибарев Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.