Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 80 отсто Холанѓани излегле да гласаат на денешните избори

0
By Нова ТВ on March 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 15, 2017 22:20

Над 80 отсто Холанѓани денес излегле да гласаат на парламентарните избори. Овој редок и висок просек на излезност е силен сигнал дека холандските граѓани излегле масовно да гласаат за да му го затворат патот до власта на екстремно десниот Герт Вилдерс и неговата партија ПВВ.

Според холандските медиуми некои гласачки места во Ротердам и Хаг останале отворени и по 21 часот поради долгите редици и масовната заинтересираност на граѓаните да го дадат својот глас. На сите што чекале во долги редици им било озвозможено да гласаат иако определеното време било надминато во овие два града.

Во Ротердам имало толку многу граѓани во гласачкото биро на централната станица што властите советувале да одат да гласаат на друго место.

Во Хаг десет мобилни екипи имале задача да циркулираат низ градот за да се биде сигурен дека сите гласачки бироа имаат доволен број гласачки ливчиња.

Освен тоа 25.000 нови гласачки ливчиња биле испечатени во текот на денешниот ден во Амстердам. Медиумите јавија дека други барања за нови ливчиња биле испратени речиси низ целата земја.

Во Холандија граѓаните сами бираат на кое гласачко место ќе гласаат па од тие причини сите места морале да бидат снабдени со доволно материјал.

Првите резултати од излезните анкети покажуваат дека партијата на актуелниот холандски премиер Марк Руте е победник на парламентарните избори. Зад него е најголемиот негов ривал Партијата за слобода на антиимигрантот и еден од најголемите расисти во Европа, Герт Вилдерс.

За резултатите на овие избори прочитајте тука.

 

 

 

80 отсто избори излезност Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.