Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалку две до три години за патување по нов автопат

2
By Нова ТВ on June 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 21, 2017 11:23

Охриѓани ќе треба да почекаат уште некоја година за да може по автопат да патуваат до Скопје. Наместо на почетокот на 2018 година како што првично беше предвидено, автопатската делница од Охрид до Кичево ќе се пролонгира за неколку години.

Тоа е така бидејки скоро четири месеци на поголем дел од новиот автопат нема никакви градежни работи. Машините се во застој, а голем дел од работниците според информации на НОВА седат дома и чекаат повик за работа.

На потегот од излезот на Охрид до Аеродромот веќе неколку месеци се чека да се постави асфалт, но и од овде машините се целосно повлечени. Така е и на неколку други места долж целиот потег.

И владината прес служба веќе соопшти дека работите се прекинати поради изместување на трасата и оти кинеската компанија „Синохидро“ која го гради автопатот времено ги запира работите на автопатот.

Извор на НОВА од една градежна компанија која работи на дел од автопатот вели дека со месеци чекале да почнат со асфалтирање на потегот од Ново село до Охрид.  Велат дека дополнителен проблем било и во тоа што морале да работат на ревидирање на проектот.

„За делот од Требеништа до Охрид чекаме од Нова Година одлука дали ќе биде булевар или затворен автопат. Не веруваме дека автопатот ќе биде готов во наредните две до три години“, вели нашиот извор.

Неофицијално за дополнителни работи за ископувања на јаловина ќе бидат потребни дополнителни пари.

Претходната влада на ВМРО ДПМНЕ се фалеше дека автопатите од Охрид до Кичево како и од Штип до Миладиновци се едни од најкапиталните проекти отпочнати во Македонија.

Дополнителен проблем за понатамошната изградба на автопатот од Охрид до Кичево е и експропријацијата на земјиштето.

Граѓаните се жалат дека не се согласуваат со понудената цена која им била понудена за земањето на нивните имоти. Неколку илјади граѓани веќе водат судски спор со државата околу висината на цената за експропријација на нивните земјишта. Сметаат дека треба да им ги исплати по пазарна цена бидејки за најатрактивните делови на излезот на Охрид се движат меѓу 20 и 50 евра по метар квадратен.

Меѓу нив е и адвокатот од Охрид, Владо Чингоски.

„Крајно, државата нека ги обесштети поранешните сопственици со пазарна цена на нивните имоти. Според носителот на експропријацијата и бирото за судски вештачења цените за еден метар квадратен се смешни од 40 денари до 1200 денари“, вели Чингоски.

Тој дополнува дека изградбата на оваа автопатска делница била проблематична уште од самиот почеток.

„Автопатската делница Кичево – Охрид е проблематична од самиот почеток. Барав да се направи контрола како на техничките но и на финансиските аспекти на проектот, но секако тоа не и беше во интерес на власта. Никој не се заинтересира ниту за вредноста на овој проект, што го прави еден од најскапите автопатишта на светот со просечна вредност од 7.000.000 евра за еден километар. Никој не се заинтересира со каква механизација се извршуваат работите, особено пробивањето на тунелите, каде за волја на вистината од чаршиски муабети, тунелот неколку пати се срушил и едвај работниците спасиле жива глава. Па иако е чаршиски муабет, треба надлежните да го проверат. Никој не се заинтересира ниту кој се подизведувачи и дали имаат лиценци за вакви работи“, вели Чингоски.

Автопатот беше причина и за меѓусени обвинувања помеѓу локалните ограноци на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ во Охрид. Од ВМРО ДПМНЕ побараа продолжување на изградбата и завршување на автопатот до крајниот рок бидејки истиот им бил потребен на сите.

„Дали ова преставува „Живот“ за граѓаните на Охрид и на овој дел од Македонија – за Владата предводена од СДС, незнаеме, но со сигурност знаеме дека на овој автопат мора да бидат продолжени градежните активности. Негативниот пристап кон капиталните проекти кои што се започнати во време на Владата предводедена од ВМРО ДПМНЕ е непотребен и не е во полза на никого“, изјави Ангел Јанев од ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

„Доколку советниците на ВМРО-ДПМНЕ навистина беа загрижени за начинот, времетрањето и квалитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, тогаш ќе ја прашаа претходната Влада зошто изградбата се одолговлекува и зошто финалниот рок за пуштање во употреба беше поместен од 2018 за 2019 година одговрија од СДСМ. Факт е дека работата на автопатот Кичево – Охрид се одвива со помал интезитет бидејќи проектот за авотпатот е промашен, трасата е згрешена, а на неколку места постои обрусувување и нестабилност на косините“, велат од СДСМ.

Автопатската делница од Охрид до Кичево е долга 57 километри и требаше да чини 374 милиони евра но по се изгледа таа сума ќе биде далеку поголема.

Претходната влада најавуваше дека околу 14 километри од автопатот ќе бидат пуштени во употреба во 2016 година, а во тековната година уште една делница, додека целиот пат готов до јануари 2018 година.

Непосредно пред формирањето на новата влада, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски извршија посета на местото каде што се градат најдолгите тунели при што уште тогаш  беше соопштено дека изградбата на автопатот ќе биде пролонгирана.

автопат Влада ВМРО-ДПМНЕ Кичево-Охрид СДСМ Синохидро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.