Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Нова снимка по крвничкото тепање на Зијадин Села во Собрание

0
By Нова ТВ on May 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2017 14:56

Вчера во Куманово е приведен Тони Трајковски, еден од осомничените за претепувањето на пратеникот Зијадин Села. Информацијата ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од СВР Куманово. МВР се уште официјално не ја потврдува информацијата.

Од видео снимката е идентификуван Кире Ѓорѓиевски, кој заедно со уште три лица го влечат Села низ собраниските ходници и изговараат вулгарни зборови, а еден од толпата довикува: „Каде е Заев, Заев ни треба, не овој“.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

Според пишувањето на „Тетова Сот“, Ѓорѓиевски од Скопје е поранешен член на македонските воени сили за време на војната во 2001 година, а сега вработен во ЕЛЕМ Македонија. Како што тврди порталот, тој бил близок соработник на поранешниот премиер Никола Груевски и близок соработник на директорот на Државниот архив, Филип Петровски.

Кире Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски освен на таа снимка се гледа и на други за време на насилните протести во четвртокот. Според информациите на НОВА ТВ, Ѓорѓиевски засега не е достапен за МВР.

На сите досегашни објавени снимки не се гледа тепањето на пратеникот Села. Тоа најверојатно е регистрирано на собраниските камери, но МВР засега не соопштува детали.

Пратеникот Зијадин Села беше крвнички претепан и доби најмногу ќотек. Според сведоштвата на снимателите кои биле во Прес центарот, го тепале повеќе насилници со шипки, го газеле по лицето и телото и мислеле дека е мртов.

Според болнички извори Села има четири скршеници на лицеви коски и едно ребро, а од урадите имал крварање во мозокот од кое како последица има оток на мозочната кора и било среќа што хематомот не зафатил витални центри во мозокот, зошто
се наоѓа на само еден сантиметар од центрите во мозокот кој ја контролираат моториката.

 

Зијадин Села Кире Ѓорѓиевски насилства приведени Собрание Тони Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 7, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

ВЕСТИ June 7, 2026

 На 32. Програмски конгрес на СДСМ во Скопје, се обратија претставници од сестринските социјалдемократски партии…

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.