Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара референдум за Договорот за пријателство со Бугарија

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 20, 2017 16:06

На денешната прес-конференција, Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Собранието предлог за организирање референдум за граѓаните да се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство кој новата влада предводена од СДСМ го склучи со Бугарија.

„Владата на СДС во крајно нетранспарентен процес склучи Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија кој што е небалансиран односно предизвикува обврски само за нашата држава без да предвиди никакви отстапки од бугарска страна“, рече Димков, потенцирајчи дека  ваквата одлука била донесена врз основа на последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димков потенцираше дека партијата бара народот да го одобри договорот пред Парламентот да го ратификува.

Трајче Димков
Трајче Димков

„Имајќи ја предвид важноста на овој договор, отстапките направени во него од страна на власта во Македонија, и последиците кои ќе бидат долгорочни и поприлично ќе го надминат векот на постоење на оваа влада, демократски е, и би рекле највисок демократски и морален  чин е да се даде можност за изјаснување од страна на сите граѓани на Македонија, пред членовите на Парламентот да го усвојат овој меѓународоен договор, и тој да стане валиден“, рече Димков.

ВМРО-ДПМНЕ  имаат сериозни забелешки на неколку членови од договорот, а најконкретно во деловите со кои декларирајќи постоење на заедничка историја се предвидува и создавање меѓу државна комисија која ќе ги дискутира промените на учебниците по историја во Македонија.

„За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е откажувањето од македонското малцинство во Бугарија, а непотребно е повторно прифаќање на именувањето на нашиот македонски јазик, како јазик од Уставот на Македонија, дефиниција која не постои во ниту еден друг договор на Македонија и Бугарија со било која земја во светот, и очигледната намера преку оваа формулација за непризнавање на македонскиот јазик“, рече Димков.

Што содржи во целост Договорот помеѓу Македонија и Бугарија

Бугарија ВМРО-ДПМНЕ Договор со Бугарија Македонија парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.