Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

150 граѓани од Македонија учествувале во војните во Сирија и во Ирак

0
By Нова ТВ on December 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 10, 2017 18:04

Вкупно 150 граѓани учествувале во војните во Сирија и Ирак како припадници на паравоени фомрации. Од нив во земјава се вратени околу 80 лица, велат за НОВА ТВ од Министерството за внатрешни работи.

Генерално, според информациите на полицијата, нивните патишта до Сирија и Ирак минуваат преку Турција, по копнен или по воздушен пат. Пред да заминат, лицата посетувале верски предавања на радикални имами, некои се радикализирале преку интернет (социјални мрежи), а некои преку лични контакти од кои добиле и логистичка поддршка за нивно заминување и приклучување кон тамошните паравоени формации.

Од МВР за НОВА ТВ објаснуваат дека во моментов повратниците не минуваат низ организирани процеси за нивна ресоцијализација. Од страна на новоформираниот Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, во тек е изготвување на две одделни национални стратегии за спротивставување на овие безбедносни појави, и на нивните акциски планови, во кои треба да бидат вклучени и програми/проекти за ресоцијализација на овие лица.

Фото: Судење случај „Ќелија“

Од превентивен аспект, се врши постојан оперативен увид врз активностите на повратниците во земјава. Од нив, осудени се вкупно 17 лица и истите издржуваат казна затвор.

Еден од случаите беше и „Ќелија“ во кој беа уапсени и осудени 11 македонски државјани за учество во странски војски и паравоени формации. Пресудата беше донесена лани во мај, при што 6-мина од обвинетите по спогодба со обвинителството добија казни 5 години затвор, додека првобвинетиот, оџата од Чаир Мемиши Реџеп беше осуден на 7 години затвор за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во Сирија. Останатите 5-мина биле дел од групата која учествувале во логистика и организирање на војниците за борба во Сирија.

Според обвинението за овој случај, осудените во џамија во Скопје собирале верски материјали и
регрутирале војници кои биле испраќани на боиштата во Сирија и Ирак. Обвинителството тврдеше дека
со пим мерки обезбедило доволно докази кои го докажуваат делото за кое беа осудени.

Пред две недели Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, изјави дека „темпото на заминување на граѓаните од регионот се намалило во 2015 година, а речиси во целост е запрено во средината на 2016 година.

„Околу 1.000 поединци од Западен Балкан отпатувале во Сирија и Ирак од 2012 г. до 2017 г., околу 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 се уште се наоѓаат таму“, рече Свилановиќ.

Тој соопшти дека од цела Европска унија на боиштата во овие две земји заминале околу 5000 граѓани.

За шест ипол години војна, во Сирија загинале над 340.000 луѓе

Повеќе од 340.000 лица загинаа во Сирија, од почетокот на конфликтот пред шест и пол години, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Невладината организација за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија, која располага со широка мрежа на информатори во Сирија, ја документирала смртта на 343.511 лица од средината на март 2011 година до ноември 2017. Меѓу убиените 102.618 биле цивили, меѓу кои 19.000 деца и 12.000 жени.

Загинале повеќе од 119.000 борци од провладините сили. Меѓу нив има 62.000 сириски војници и 1.556 припадници на либанското шиитското движење Хезболах.

Убиени се околу 59.000 борци од бунтовнички групи и од Сириските демократски сили, курдско-арапска унија, поддржани од САД.

Загинале и повеќе од 62.000 џихадисти, вклучувајќи ги и припадниците на терористичката „Исламска држава“.

 

 

Ирак Исламска држава МВР повратници Сирија Ќелија џихадисти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.