Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

50 дена бегство:МВР истражува кој им помогнал на Грујевски и Бошковски

0
By Соња Трајковска on September 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2017 09:13

Речиси 50 дена нема ни трага ни глас од Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во петтата управа на УБК кадешто е системот за прислушување, обвинети од СЈО за следење коминукации и за уништување на опремата.

Нивното бегство е организирано, а во МВР истражуваат кој им помогнал на двајцата бегалци да не отидат во притвор.  Според Спасовски бегството е резултат на грешка судот.

-Очигледно е дека овде станува збор за еден сплет на околности, на поврзаности меѓу јавното обвинителство, меѓу судството и меѓу структурите на поранешната власт кои што дозволија бегање односно напуштање на државата на овие две лица и за тоа верувајте дека се водат соодветни постапки и ќе дојдеме и до други лица кои сигурно го озвозможиле тоа и за кои треба да се покрене сериозна одговорност, изјави вчера министерот Оливер Спасовски.

Одлуката за притвор Апелациониот суд во Скопје ја донесе на 18 јули, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Оттаму информацијата дека треба да одат во притвор беше позната во јавноста на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, што според познавачите, е повеќе од доволно за засегнатите да се пуштат во бегство.

Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.

На четвртиот ден од бегството МВР објави потерници.

Во меѓувреме, беше откриено и дека Грујевски имал двоен идентитет и друг пасош на име Владимир Варелов, негов сограѓанин од Велес кој е вработен во ЕБР.

Спасовски не прецизира кој му го издал вториот пасош на Грујевски и дали е повлечен од употреба.

Прашан за другите евентуални идентитети на Грујевски, освен оној на Владимир Варелов, министерот Спасовски потврди дека вработените во УБК поседуваат различни идентитети, но само кога извршуваат специфични службени обврски. Според него, додека се трага по Грујевски и Бошковски, паралелно се води истрага и за оние лице коишто го помогнале нивното бегство.

Двајцата се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата. Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК.

Утре Врховниот суд на седница ќе одлучува за судбината на еден од двајцата најпознати свиркачи во Македонија, Ѕвонко Костовски, човекот без кого никогаш немаше да се дознае дека поранешната власт прислушува пола милион граѓани.

Во четврток Врховен ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

Костовски, сега е единствен обвинет во случајот „Пуч“ кој го отвори Јавното обвинителство под палка на поранешниот републички обвинител, Марко Зврлевски.

Денеска НОВА ТВ ја продлжува серијата со детали од спогодбата на Костовски и мислењето на Прибе.

„Таргет“ бегство Бошковски Грујевски МВР СЈО Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.