НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Мораториум на платформата за да се формира Влада

0
By Влатко Чаловски on March 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФРОДЕМ оценува дека со опструкциите за составување влада се нанесуваат тешки последи по однос на мирот и стабилноста на земјата.

„Собранието не работи, мандатот на локалната власт истече, а извршната власт функционира технички. Поради нефункционирањето на Собранието не се врши контрола врз работата на институциите и со тоа се суспендира уставниот поредок. Затоа, пратениците веднаш треба да ја продолжат конститутивната седница, да изберат претседател на Собранието, а тој веднаш да свика седница и за да се избере нова Влада“, се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Оттаму потсетуваат дека веќе два месеца секојдневно течат преговори меѓу албанските партии најпрво со врхушката на ДПМНЕ, а сега со СДСМ за т.н. Платформа. Според ФРОДЕМ, очигледно е дека и двете партии и ДПМНЕ и СДСМ заради партиски и лични интереси имаат прифатено или ветено дека ќе исполнат барања кои излегуваат надвор од Уставот.

„Би било најдобро лидерите на партиите кои преговарале јавно и директно да се соочат на целовечерна дебата за да јавноста конечно дознае што се преговарало зад нејзиниот грб. Време е сите да дознаеме кој е тој кој ги продал и предал националните и државните интереси. Ова е особено значајно да го дознаат новокомпонираните „загрижени и патриоти по нарачка“ кои секојдневно организираат „лов на вештерки“ и ги вознемируваат граѓаните“, се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ бара од сите политички субјекти и граѓани почитување на унитарноста и уставниот поредок и унапредување на правата во рамките на Уставот на РМ. Во оваа смисла, и Претседателот Иванов треба да се произнесе за уставноста и опасноста по унитарноста на сите досега донесени акти во Собранието на РМ.

„Дали e таков чин, налогот на Груевски кон пратениците да гласаат за автентичното толкување на Законост за амнестија на Хашките случаи и потпишаниот од претседателот Иванов, Указ за објавување на толкувањето. Дали истото важеше и кога се донесе Законост за јазиците на заедниците во 2008. Дали „унитарното вето“ важеше и за измените и дополните на овој закон кога во 2011 година се донесе по скратена постапка, кога не се водеше сметка за Амандманот бр. V на Уставот на РМ. Не сме толку сенилни, а да не можеме да се потсетиме дека токму Владата на Груевски во 2015 година, даде илјадници народни пари за изработка на Прегледот на Охридскиот договор за социјална кохезија. Читајќи ги препораките во овој прегледа јавно го поставуваме прашањето. Дали Владата на Груевски уште тогаш ја прифати фамозната Платформа?“, прашува ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ цени дека доволно време се потроши на преговори за Платформата и дека е дојден моментот оваа дебата времено да сопре односно да има мораториум до првиот момент кога за тоа ќе се создадат поволни услови.

„Унапредувањето на етничките права не може да се врши по пат на партиско-коалициски лицитации во услови на зовриени страсти и бескрупулозна пропаганда. Албанските партии на тој начин ќе дадат конкретен, клучен продонес кон надминување на кризата и зачувувањето на унитарноста. Македонските граѓани ќе знаат овој чекор да го ценат и да го валоризираат. ФРОДЕМ смета дека економските прашања, функционирањето на институциите и гонењето на организираниот криминал треба да се темите со кои ќе се преокупира конструктивната јавност. Земјата и бизнисот се блокирани од долгата криза. Сосема се погрешни изјавите дека подолго време во вакви услови може да функционира земјата. На сите им е јасно дека од националниот популизам можат да живеат само партиските врхушки, но не и осиромашениот народ. Затоа партиите треба да направат по еден получекор назад, за да земјата отиде два големи чекори напред. Тоа е мерата за вистинскиот патриотизам и почитување на државата“, порачува ФРОДЕМ.

Влада Груевски Платформа СДСМ ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.