НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде е Сеад Кочан?

14
By Нова ТВ on March 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бизнисменот Сеад Кочан којшто е осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство се уште не е притворен ниту пак надлежните располагаат со информации за неговата локација, откако Кривичниот совет вчера попладне ја прифати жалбата на СЈО и нареди притворање на Кочан.

Адвокатот Никола Додевски, кој го застапува Сеад Кочан, денеска изјави дека одбраната и обвинетите немаат добиено никакво решение за притвор и додека тоа не се случи тој е слободен човек.
Додевски е зачуден како новинарите дознаваат пред обраната дека Кривичниот совет му одредил мерка притвор.

Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека биле известени за притворот на Кочан, но до моментот кога тргнале во суд решение не им било доставено.

Според информации на НОВАТВ, во полицијата за Кочан е распишана интерна потерница, но нема објаснување каде е сопственикот на „Тран Мет“ и колку полицијата е ангажирана во неговото пронаоѓање. Кочан има можност и сам да се јави во полицијата.

Сопственикот на компанијата „Транс Мет“ и телевизијата „НОВА“ живее на улицата „Димче Мирчев“ во блокот згради спроти Министерството за внатрешни работи. Тоа и истиот блок во којшто живее и поранешната министерка Гордана Јанкулоска како и синовите на пратеничката Силвана Бонева и генералниот секретар на  владата Кирил Божиновски.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера попладне ја прифати жалбата на СЈО и издаде наредба за приведување на сопственикот на фирмата „Транс Мет“, Сеад Кочан, осомничен за случајот „Труст“.

Покрај Кочан, во овој предмет осомничен е и Василије Авирович, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

Прес на СЈО за Труст

 

Катица Јанева Никола Додевски Сеад Кочан СЈО Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.