НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Февруарската плата на обвинителите зголемена за 20 отсто

0
By Нова ТВ on March 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Платата на јавните обвинители за минатиот месец стигнала а 20 отсто поголема од претходните месеци, дознава НОВА ТВ. Покачувањето на платите кое ги опфатило сите обвинители во државата и сите јавнообвинителски службеници, било дадено како Додаток за плата за посебни услови при работа, Додаток на плата за постоење на висок ризик, Додаток за плата за доверливост и Додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа.

Како што велат нашите извори, во јануари, по основ Додаток на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа на сите обвинители им биле исплатени по 60.000 денари.

Како што дознаваме на раководителите на пониските јавни обвинителства им било строго забрането зголемувањето на платите да се објави во јавност за да не предизвика револт кај народот и кај судиите кои досега земаа иста плата.

Поради ова зголемување на платите, судските службеници се во преговори повторно да почнат да штрајкуваат поради изедначување на статусот на судските и јавнообвинителските службеници. Како што најавуваат, од штрајкот нема да отстапат се додека не се изедначи статусот меѓу судските и јавнообвинителските службеници.

НОВА ТВ побара од одговор од Републичкиот обвинител Марко Зврлевски дали е точно дека се покачени платите на јавните обвинители и службите, но тој ни одговори дека моментално вози и нема концентрација да ни одговори. Откако го побаравме подоцна, не ни крена телефон.

Во рамки на многуте обуки и конференции кои се спроведуваа изминатите две децении, со поддршка на меѓународните донатори со цел да се обезбеди ефикасно спроведување на правдата, постојано се потенцираше потребата за поголема финансиска независност во судската власт. Низ годините извештаите на ЕК редовно го лоцираа проблемот на нестабилното финансирање на правосудните органи. До скоро, обвинителствата и судовите низ Македонија немаа доволно средства ниту за интернет конекција и службен весник. Платите на судиите и обвинителите, исто така беа посочувани како нужна потреба во демократските општества со цел да се лимитра корумпираноста на овие институции.

Провладините медиуми и политичарите во Македонија, редовно ги напаѓаа обвинителите од Специјалното јавно обвинителство дека земале повисоки плати.

Јавни обвинители јавнообвинителска служба Марко Зврлевски плата штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.