Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мбапе на лицитација: Манчестер Ј. нуди 110 милиони евра, Реал М. 120

0
By Нова ТВ on March 23, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 23, 2017 21:05

Килијан Мбапе ќе има главна улога на фудбалскиот пазар во летниот преоден рок. Тоа станува јасно уште од сега судејќи по пишувањата на медиумите, особено шпанските, според кои големите европски клубови почнаа со наддавање за 18 годишниот тинејџер на Монако.

Ако е за верување на шпанската радио станица „Кадена Копе“, тимот од Кнежевството го одбил вториот финансиски напад од „Олд Трафорд“. Станува збор за наводна понуда од 110 милиони евра што, во случај на реализација, би претставувала нов рекорден трансфер во светот на фудбалот.

Но, Жозе Мурињо не е единствениот кој е заинтересиран за услугите на младиот напаѓач. Шпанските „Марка“ и „Ас“ излегоа со, речиси, идентични насловни страници на кои се насмевнува новата фудбалска суперѕвезда. Според двата весника, Мбапе наскоро ќе биде промовиран во нов член на Реал Мадрид. Управата на „кралскиот“ клуб е наводно подготвена да издвои 120 милиони евра за отштета на Монако.

Во трка по Мбапе, кого го споредуваат со Тиери Анри, се и Барселона, ПСЖ, Јувентус, и останатите гиганти во Премиерлигата покрај Јунајтед.

Младиот фудбалер потекнува од школата на Монако. Со екипата од „Луј Втори“ го врзува договор до летото во 2019 година според кој има месечна плата од 85.000 евра. Вниманието на европскиот фудбал оваа сезона го привлече со брилијантните партии и ефикасни настапи за лидерот во француската Лига 1. Во 32 натпревара постигна 19 гола, подели 11 асистенции, а посебно е инспириран во последните шест недели што ги зачини со 11 гола и пет додавања во само девет настапи.

Килијан Мбапе Манчестер Ј. Монако Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.